Author: Media Point

Врвни македонски актери најави Тара Димитровска Стаменковска во новата театарска претстава за Македонска Каменица Во новата театарска претстава што се подготвува за македонската публика ќе учествуваат тројца познати македонски актери – Кирил Трајковски – Максим, Благој Чоревски – Чоре и Ирена Илиевска. Тара, како автор и иницијатор на проектот ја истакнува оваа соработка како голема чест, нагласувајќи дека претставата е резултат на посветеност, љубов и храброст во работата. Потврда дека квалитетната идеја секогаш го наоѓа својот пат. Претставата тематски се осврнува на секојдневието, менталитетот и реалноста во која живееме, носејќи искрена приказна со силна емоционална порака, во која публиката ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската ракометна репрезентација со победа ја заврши групната фаза на Европското првенство, откако ја совлада Романија со 24-23 (13-9) пред 10.000 фанови. Ова беше прв триумф за „црвено-жолтите“ на шампионатот, имаат три бода, со кои дефинитивно ќе биде во пол-позиција пред ждрепката за Светското првенство 2027 година. Наместо да ја искористат предноста во квалитет, нашите ракометари дозволија да се случи драма во финишот. Костески беше нашиот херој постигна гол во последната секунда. Избраниците на Кирил Лазаров го отворија мечот со 3-0, со головуте на Џонов, Костески и Кузмановски. Противникот на другата страна беше во агонија, која ние не ја казнивме…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од ноќеска на полноќ (21.01.2026) се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Најголемо поскапување има кај дизел горивото, кое се зголемува за 2,00 денари по литар, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари за литар. Согласно одлуката, од 00:01 часот новите цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95: 72,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС – 98: 74,00 денари/литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,50 денари/литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 66,00 денари/литар Поскапува и Мазутот М-1 НС за 0,854 денари и еден килограм од полноќ ќе чини 32,987 денари.

ПОВЕЌЕ ...

На 20 јануари, Православната црква и нејзините верници го слават еден од најголемите и најважните светци – Свети Јован Крстител. Овој светител го слават голем број луѓе, како светец познат по својата чистота, морал и Божјата одлука да го изврши чинот на крштевање на Исус Христос. На овој голем ден, секој верник мора да биде свесен за една голема тајна, на која сите не повикува Свети Јован. Тоа е тајната на покајанието, трансформацијата, преиспитувањето, ставањето на целиот свој живот во „утробата на Спасителот“, така што Тој може да нè води понатаму, не дозволувајќи ни да ги следиме нашите луди човечки…

ПОВЕЌЕ ...

На 19.01.2026 во 14:36 часот на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода М.М.(59) од с.Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тико“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,13 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

ПОВЕЌЕ ...

Едукативно креативна работилница за деца во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Делчево, организира едукативна и креативна работилница наменета за деца постари од 7 години. Преку разновидни активности, разговор и игра, децата ќе имаат можност да се запознаат со основните принципи на хуманоста и солидарноста, како и со значењето на меѓусебната помош, при што ќе ги развиваат своите креативни и социјални вештини. Работилницата ќе се одржи на 27 јануари 2026 година со почеток во 17:00 часот, во читалната на библиотеката. Од организаторите информираат дека бројот на учесници…

ПОВЕЌЕ ...

Водици е празникот на верата, заедништвото и надежта длабоко вкоренет во нашата свест и идентитет. Со цел достоинствено и со почит кон традицијата, се подготвуваме за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици. Тоа е еден од најубавите христијански празници и празник кој го носи значењето на светата тајна на крштевањето, како еден од столбовите на христијанството. По тој повод, Општина Делчево на 19 јануари, в понеделник, организира низа настани кои ќе се етаблираат како традиционални и ќе бидат дел од туристичката понуда на Делчево. Во оваа прилика испраќам отворена покана до сите граѓани да присуствуваат и достоинствено да го…

ПОВЕЌЕ ...

Почитувани сограѓани, По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, упатувам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат овој свет ден. Нека светлината и благословот на осветените води донесат здравје, мир и духовна сила во вашите домови, а верата и заедништвото нека бидат водилка во секојдневниот живот. Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница. Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба. Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици! Најсреќни…

ПОВЕЌЕ ...

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, Каменичката парохија ги поканува верниците на свечениот Богојавленски водосвет, кој ќе се одржи во понеделник, на 19 јануари 2026 година, со почеток во 12:30 часот, на мостот кај храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. Чинот на осветување на водите и спуштањето на Чесниот Крст во водите на Каменичка Река, предвидено околу 12:50 часот, ќе го изврши надлежниот архиереј, епископот Делчевско-каменички г. Марко. Богојавление – Водици е празник на Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан и на јавувањето на Света Троица, ден кога се осветуваат водите и се упатува…

ПОВЕЌЕ ...

Епископот Марко началствуваше со Света Литургија и Богојавленски водосвет во Македонска Каменица На 18 јануари 2025 година, во Неделата пред Богојавление – Водокрст, епископот Делчевско-каменички г. Марко началствуваше со Светата Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. По читањето на светото Евангелие, епископот Марко одржа беседа во која ја протолкува евангелската перикопа, упатувајќи духовни поуки до присутните верници. На крајот од Литургијата, верниот народ се причести со Светите Божествени Дарови. По завршувањето на богослужбата, епископот изврши и Богојавленски водосвет.

ПОВЕЌЕ ...