Author: Media Point

На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари. Според пријавеното, таа ги подигнала парите од банка и како што и било кажано, во дворот од семејната куќа, парите ги дала на лице, кое било пратено да ги земе. Откако подоцна се слушнала со…

ПОВЕЌЕ ...

Почитувани сограѓани, ценети спортисти и спортски работници, драги пријатели и помагатели на спортот, Ве поканувам да бидете дел од свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2025 година“, посветена на оние кои со својата работа, труд и резултати го градат и унапредуваат спортот во нашиот град. На настанот ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти и спортски колективи, а програмата ќе биде збогатена со пригодни обраќања и културно-уметничка содржина. Манифестацијата ќе се одржи денеска, на 24 јануари 2026 година (сабота), со почеток во 17:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица. Здружението на граѓани “Багери”…

ПОВЕЌЕ ...

На 24.01.2026 година во 01:46 часот на магистралниот пат А-3, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Н.В.(23) од с. Дулица, Македонска Каменица. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА 2025 ГОДИНА При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта. По целосно докуметирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобзирно управување…

ПОВЕЌЕ ...

Ротари клуб Кочани-Виница со донација за детската градинка „Детелина“ Ротари клуб Кочани-Виница, реализираше донација за Детската градинка „Детелина“, со што даде поддршка за подобрување на условите за престој на најмладите. Во рамки на донацијата, обезбедени се седум сета детски мебел, односно седум маси и 28 столчиња, наменети за секојдневните активности на децата во градинката. Целта е создавање поудобна и побезбедна средина за нивен престој и развој. Од Ротари клубот информираат дека ова е прва донација за новата градинка, а на средбата било договорено соработката да продолжи и во наредниот период, со поддршка таму каде што ќе се јави потреба. Претставниците…

ПОВЕЌЕ ...

Иван Гоцевски: Онлајн средба со дијаспората за возобновување на манифестацијата посветена на Гоце Делчев Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, оствари онлајн средба со претставници на македонските организации во дијаспората, на која се разговараше за унапредување на соработката и за иницијативата за возобновување на манифестацијата посветена на патронот на градот, Гоце Делчев. Како што информира Гоцевски, континуираната комуникација со дијаспората, вклучително и преку онлајн формати, овозможува поширок фронт за соработка на повеќе полиња. Фокус на разговорите била потребата од современ пристап и содржинско унапредување на манифестацијата. Тој истакна дека Делчево има обврска да го негува и афирмира ликот и делото…

ПОВЕЌЕ ...

Советникот Даме Спсевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Македонска Каменица го донираше својот прв советнички паушал на лицата со посебни потреби кои се корисници на Дневниот центар. Како што информира Спсевски, станува збор за личен и искрен гест на поддршка и грижа кон граѓаните на кои помошта им е најпотребна. Спасевски истакнува, дека преку хуманост, одговорност и личен пример може да се придонесе кон создавање подобра и посолидарна локална заедница.

ПОВЕЌЕ ...

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. Законот овозможува примена на технички средства и уреди за снимање при утврдување прекршоци, со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот и побрзо санкционирање. Во првата фаза ќе се регистрираат прекршоци како брзо возење, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Казните ќе се испраќаат електронски, а при навременото плаќање ќе нема…

ПОВЕЌЕ ...

КК Патриот со победа го отвори WABA турнирот во Ниш Кошаркарките на КК Патриот со победа го започнаа последниот турнир од WABA лигата што се одржува во Ниш. Во првиот натпревар, Патриот беше поуспешен од екипата на КК Студент, славејќи со резултат 66:63. Избраничките на Патриот имаа контрола врз натпреварот од првата до последната минута, во текот на мечот водеа и со разлика до 15 поени, а на крајот заслужено стигнаа до третата победа во натпреварувањето. Турнирот продолжува утре, кога КК Патриот ќе се соочи со белградски Партизан, додека задутре следува дуел со Будуќност од Подгорица.

ПОВЕЌЕ ...

МВР поднесе кривична пријава против полицаец за оддавање службена тајна Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против В.М., полицаец – приправник во СВР Штип, поради постоење основи за сомнение за кривично дело „оддавање службена тајна“ според член 360 од Кривичниот законик. На 10.07.2025 година, В.М. остварила телефонска комуникација со лице користејќи број на својот брат и му соопштила информации за службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле планирани и извршени по оперативна акција. Со ова дејствие, кое може…

ПОВЕЌЕ ...