Author: Media Point

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против Д.Л.(33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“ и против Б.З.(45) од Скопје за „фалсификување исправа“.

ПОВЕЌЕ ...

Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете. Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и Му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред…

ПОВЕЌЕ ...

Работилница во ЈЛБ„Илинден“- Делчево заедно со ОО на Црвен Крст – Делчево – учиме низ игра и практика ЈЛБ„Илинден“ – Делчево реализираше едукативна работилница во соработка со ОО на Црвен крст – Делчево, на која учествуваа 23 деца постари од 7 години. На почетокот, децата преку краток цртан филм се запознаа со улогата и хуманата мисија на Црвениот крст, а потоа следуваше практичен дел исполнет со интерес и ентузијазам. Децата имаа можност да научат основи на прва помош – вештачко дишење и изведување преврски, стекнувајќи корисни знаења и вештини кои можат да спасат живот. Им благодариме на ОО на Црвен…

ПОВЕЌЕ ...

ДЗС: Трета работна средба на Ангелов со доброволните пожарникари Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со претставници на дел од доброволните противпожарни друштва (ДПД) во државата, во пресрет на претстојната сезона на пожари. Ова е трета ваква средба, од вкупно четири планирани, што се реализираат од јуни минатата година. Според достапните информации, претходно вакви редовни средби со доброволните пожарникари не биле организирани. На средбата се разговараше за подобра подготовка за идните пожарни сезони, со посебен акцент на пожари на отворен простор. Разгледани беа можностите за поефикасна соработка меѓу ДПД и ДЗС, како…

ПОВЕЌЕ ...

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД АХВ: СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНА ФОРМУЛА ЗА ДОЕНЧИЊА ОД ПАЗАРОТ Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера спроведе вонредна инспекциска контрола кај увозник на почетна и последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени. Контролата е извршена по добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF) на Европската Унија за пласиран небезбеден производ на македонскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња, со потекло од Ирска. Кај производот е утврдено присуство на цереулид (cereulide), а како извор…

ПОВЕЌЕ ...

На 26.01.2026 во периодот од 17:30 до 18:00 часот, по наредба на Основен суд Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево извршија претрес во домот и помошни простории на В.М.(30) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица. При претресот, во гаража се пронајдени и одземени ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 16GA и седум кутии со вкупно 155 ловечки патрони калибар 16GA. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Веста во целост е преземена од Дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

ПОВЕЌЕ ...

Кривична пријава за маж од Делчево, психички и физички ја малтретирал сопругата Полицијата поднесе кривична пријава за маж од Делчево кој подолго време психички ја малтретирал сопругата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54- годишен маж од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. Пријавениот подолг временски период психички ја малтретирал неговата 54-годишна сопруга и ѝ упатувал закани, додека во периодот од 06.01. до 08.01.2026 физички ја нападнал во семејниот дом.

ПОВЕЌЕ ...

На 26 јануари 2026 година, во 23:07 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С. (38) од село Татомир, кратовско. Претходно, околу 22:45 часот, на регионалниот пат село Татомир – Кратово, во близина на село Туралево, возачот изгубил контрола и излетал од патот. При извршени проверки било утврдено дека С.С. управувал возило под дејство на алкохол, при што му биле измерени 3,19 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“. објави Скопје1.мк Претходно, возач кај Велес беше фатен…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА КУЌА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се продава куќа со поволна локација во Македонска Каменица, на ул. „Јаков“, во населба Суво Маало. Објектот е на три спрата, со димензии 10 × 12 метри и дополнително располага со тавански простории. Дворната површина изнесува 500 м² и нуди можност за уредување по сопствен избор. Куќата е погодна за семејно домување. Цена по договор. За повеќе информации контактирајте го сопственикот на +38970335821.

ПОВЕЌЕ ...

Со големо задоволство денеска и официјално го отворивме Младинскиот центар кој треба да биде култно место за активните млади во Делчево, простор за креативност, идеи, едукација и градење заедништво, но и простор каде ќе можат да ја насочат својата енергија и потенцијал и да бидат вистински двигатели во општеството. Мора да истакнам дека со овој чин денеска, ние за краток рок го решивме првиот приоритет кој произлезе од граѓаните на буџетскиот форум за 2026 г. Со ова докажуваме дека ние ги слушаме потребите на граѓаните и одговараме на нивните барања. Овој простор е создаден за младите и најавувам отворена поддршка…

ПОВЕЌЕ ...