Author: Media Point

Возљубени браќа и сестри во Христа, денес Црквата ги прославува двајцата големи учители и светители на Православието: ✞ Свети Атанасиј Велики (IV век) беше непоколеблив борец за вистината на православната вера во времиња на аријански заблуди. Како архиепископ, тој со мудрост и ревност ја утврди Црквата, бранејќи ја чистотата на догмата за Светата Троица. Неговиот живот беше пример на трпение, смирение и ревност во служба на Бога. ✞ Свети Кирил Александриски живееше во истиот период и се прослави како голем учител на Црквата. Со неговото богословско писмо и проповед, тој ги осветлуваше вистините на верата и ја зајакнуваше духовната крв…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА КУЌА ВО ЃУРЃИНА ЛИВАДА, СЕЛО ЛУКОВИЦА Куќата е на приземје и спрат, со корисна површина од 160 м², а вкупната површина на имотот изнесува 1.200 м² (900 м² + 300 м²) плодно дворишно земјиште. Куќата и имотот имаат пристап до асфалтен пат и обезбедено водоснабдување од сопствен водовод и приклучок на градски водовод. Куќата е погодна за семејно домување или викенд одмор. Цена по договор. Повеќе информации на следниов контакт телефон +389 78 576 144

ПОВЕЌЕ ...

Работен состанок на пензионерите во село Истибања Во Пензионерскиот клуб во Истибања се одржа работен состанок со пензионерите од селото. Состанокот се одвиваше под претседателство на Павлина Ангеловска, со присуство на Стојко Митковски – републички делегат од ЗП Виница, Јаким Тасков – претседател на Огранокот Истибања и Моне Петров – делегат во ЗП Виница. На средбата беше презентиран извештајот за работата во текот на 2025 година, како и предлог-програмата за активностите планирани за 2026 година. Пензионерите дискутираа за тековните прашања и идните активности на огранокот.

ПОВЕЌЕ ...

Интервенции со крупна механизацина на Општина Виница по обилните врнежи По обилните врнежи изминатите денови, Општина Виница денеска интервенираше на повеќе критични локации со градежна механизација. Паднати дрвја и наноси во коритото на Виничка Река го сменија текот на реката и предизвикаа локални поплави, по што беше извршено расчистување и стабилизирање на состојбата. Интервенции имаше и на неколку патни правци за отстранување одрони, со цел нормализирање на сообраќајот и зголемување на безбедноста. Извор: Општина Виница

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30. Јануари 2026 година – Денеска, се одржа општинскиот натпревар по математика, на кој учествуваа 33 ученици од ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица. Тие ги постигнаа следниве резултати : 1. Иле Атанасовски 2 награда 4 одд. 2. Лина Атанасовска 3 награда 4 одд. 3. Ива Митевска 1 награда 4 одд. 4. Ана Насковска пофалница 4 одд. 5.Вилијам Пешкирски 2 награда 4 одд. 6. Стефан Ангелов 1 награда 4 одд. 7. Илијан Костадиновски 2 награда 4 одд. 8. Бисера Малчовска 1 награда 5 одд. 9. Лукијан Јочевски 6 одд. пофалница 10. Дамјан Стоименовски 1 награда 7 одд.…

ПОВЕЌЕ ...

Советот на Општина Виница денес ја одржа петтата редовна седница, на која по усвојувањето на Записникот и Дневниот ред беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки. Разгледан беше Кварталниот извештај за извршување на Буџетот за 2025 година, според кој приходите се реализирани со 90,75 %, а расходите со 87,5 %. Со 15 гласа „за“ беше усвоен и извештајот за задолжувањето, при што беше констатирано дека Општина Виница нема нови задолжувања. Во извештајот беше истакнато навременото сервисирање на обврските, при што беше нагласено дека до 10 февруари ќе биде исплатена и последната рата од кредитот од Светска банка. Советот усвои и…

ПОВЕЌЕ ...

Безбедноста на новинарите е еден од врвните приоритети на Министерството за внатрешни работи, а институцијата е максимално посветена на создавање безбедна и поволна средина за работа на медиумските работници, соопштија од МВР. Оттаму информираат дека во таа насока е потпишан меморандум за соработка со Здружението на новинари на Македонија, определена е национална и локални фокални точки во рамки на кампањата на Советот на Европа за заштита на новинарите, а континуирано се организираат обуки и работилници со учество на полициски службеници, новинари и обвинители. Според МВР, соработката со Обвинителството и ЗНМ е на највисоко ниво, а заеднички се изработени и прирачници…

ПОВЕЌЕ ...

Наградени највредните ученици, наши членови, за време на зимскиот распуст! Традиционално, ЈЛБ„Илинден“- Делчево со големо задоволство ги награди трите ученици, наши вредни членови, кои за време на зимскиот распуст изнајмија најмногу лектири. Нивниот интерес за книгата, љубовта кон читањето и посветеноста се најубав доказ дека вистинските вредности се негуваат уште од најмала возраст. Наградени се: – Леонид Јосифовски – Теодора Митевска – Елеонора Георгиевска Им честитаме на наградените ученици и ги охрабруваме и останатите млади читатели да продолжат да го откриваат светот низ страниците на книгите. ЈЛБ„Илинден“ – Делчево секогаш ќе биде место каде што љубовта кон читањето се наградува.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Кочани спроведува градежни интервенции на повеќе раскопани и тешко проодни делови од сообраќајници и тротоари во градот, со цел да се подобрат условите за движење и безбедноста и на граѓаните. Бетонирани се оштетени делови на улиците „Иван Иванов-Балашо“, „Крум Вранински“, „Мородвиска епископија“ и „Вера Которка“, каде што поради претходни интервенции и временски влијанија беше отежнато нормалното одвивање на сообраќајот и пешачкото движење. Општинските служби најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, согласно утврдената динамика и приоритетите на терен. Паралелно со поправките на улиците и тротоарите, ќе се работи и на прочистување на решетките за атмосферска канализација,…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска православните христијани го слават споменот на преподобен Антониј Велики. Тој е роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не…

ПОВЕЌЕ ...