Author: Media Point

Денес попладне после 16 часот поголема група на наши сограѓани се собрале на крстосницата во „Трајаново трло“ поточно на м.в. Колерски гробишта и запалиле поголема количина на гуми и кабли. Од страв да не се предизвика поголем пожар од големата количина на запалени гуми и кабли била информирана Противпожарната единица во Кочани. Излезено е со едно возило и двајца пожарникари кои започнале да го гаснат огинот но насобраната маса фрлала и понатаму гуми и кабли во делот од огнот кој горел. Дознаваме дека е информирана и полицијата и дека полицајци се дојдени на местото на настанот. Неофицијално дознаваме дека протестот…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Зрновци потпиша договор за изградба на локален пат во село Видовиште Денеска, во просториите на Локалната самоуправа на Општина Зрновци, беше потпишан договор за реализација на проектот „Изградба на локален пат од м.в. Оризни гумна до м.в. Друмот, село Видовиште“. Вкупната вредност на градежните работи изнесува 5.302.620 денари без ДДВ, додека ДДВ изнесува 954.472 денари. Финансиските средства се обезбедени од Министерството за транспорт, преку вториот владин повик. За изведувач на работите е избран економскиот оператор „Компанија Ескаватори Урошевац“ од Република Косово. Проектот се реализира како резултат на долгогодишните барања на жителите на село Видовиште и има за цел подобрување…

ПОВЕЌЕ ...

Од денеска започнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Индустриска“, каде се инвестираат над 20 милиони денари средства од Владата на РМ во два проекти. Улицата се реконструира во должина од 500 метри, односно од мостот на река Брегалница до клучката на транзитниот булевар „Македонија“.  Работите ги изведува фирмата „Стојменов“ од Кочани која има обврска комплетно да ја реконструира улицата со ширина од 6 метри на коловозот, со поставување нов асфалт, замена на долен строј и реконструкција на тротоарите. Увид во текот на работите направи градоначалникот Иван Гоцевски кој истакна дека „Индустриска“ прераснува во современа сообраќајница по сите стандарди. -Со овие…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево со низа свечености ќе ја одбележи 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев Општина Делчево и Советот на Општина Делчево во среда, 4 февруари 2026 година, ќе ја одбележат 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев со пригодна свечена програма. Настанот ќе започне кај Споменикот на Гоце Делчев, со собирање на учесниците од 10:00 часот. Во 11:00 часот е предвидено полагање свежо цвеќе пред споменикот, со што ќе се оддаде почит на ликот и делото на големиот македонски револуционер. Во 12:00 часот, во Конгресната сала на СОУ „М.М. Брицо“, ќе се одржи историски час на тема животот и делото на Гоце…

ПОВЕЌЕ ...

ЗРСК „Шаран“ започнува со издавање дозволи за рекреативен риболов за 2026 година Здружението за рекреативен спортски риболов „Шаран“ од Македонска Каменица ги информира членовите и сите љубители на риболовот дека од 9 февруари 2026 година започнува продажбата на дозволи за рекреативен риболов. Дозволите ќе можат да се набават во трафиката „Бонви 2021“, а услов за нивно издавање е поседување легитимација и платена членарина во МРФ за 2026 година. Цените на дозволите се: дневна дозвола – 300 денари годишна дозвола – 3.500 денари За лица на возраст од 15 до 18 години, годишната дозвола изнесува 1.000 денари. За деца до 15…

ПОВЕЌЕ ...

Ноќеска била фрлена бомба на куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње во Белград. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета, објавува српскиот портал „Телеграф“. Според неофицијални извори, пејачот наводно не бил во домот во моментот на експлозијата, но засега нема официјална потврда за движењето на членовите на неговото семејство. Соседите изјавиле дека се слушнала „страшна детонација“ која силно ги вознемирила. Полициските сили веднаш по пријавата ги блокирале приодите до објектот, а увидот на лице место го вршат припадници на Министерството за внатрешни работи, заедно со дежурен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград. Форензичките екипи собираат докази и…

ПОВЕЌЕ ...

Денес со благодарност и длабоко почитување го спомнуваме Преподобниот Максим Исповедник, голем богослов, подвижник и непоколеблив сведок на православната вера. Живеејќи во време на тешки догматски борби, свети Максим со разум осветлен од благодатта и со срце исполнето со љубов кон Христос, храбро ја исповеда вистината за двете волји и двете дејства во Господ Исус Христос, иако тоа му донесе прогонство, маки и страдања. Тој не пролеа крв, но со трпение и исповедништво го принесе својот живот како жртва жива и света. Неговото богословие е длабоко, но израснато од молитва и личен подвиг; неговиот живот – сведоштво дека вистината не…

ПОВЕЌЕ ...

Во 2026 година, Општина Делчево ќе има на располагање поголем буџет за реализација на Програмата за социјална заштита. За реализација на Програмата за социјална заштита за 2026 година предвидени се вкупно 13.689.339 денари, од кои 10.832.339 денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Делчево за 2026 година, а 2.857.000 денари ќе бидат обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и други институции. Целта на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2026 година е спречување и надминување на социјалните ризици во кои можат да се најдат ранливите категории на граѓани од нашата општина. Остварувањето на социјалната заштита на граѓаните во…

ПОВЕЌЕ ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 68, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 72, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 74 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,786…

ПОВЕЌЕ ...

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево, возел без возачка дозвола, одземено е возилото На 02..02.2026 во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола. Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде…

ПОВЕЌЕ ...