Author: Media Point
Нашиот Антонио Цветковски се враќа на фудбалските терени – стави потпис за клуб од четвртата австриска лига Нашиот 36 годишен сограѓанин Антонио Цветковски, повторно му се враќа на активниот фудбал, откако официјално потпиша договор со австрискиот клуб USV Knoblinger Neuhofen im Innkreis. Со овој ангажман, Цветковски ќе настапува во Landesliga West во сезоната 2025/26, лига која е дел од покраински фудбалски систем и претставува четврто ниво на натпреварување во Австрија. Цветковски е фудбалер на младинските школи на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, каде ги прави своите први фудбалски чекори. Во сениорскиот тим на клубот беше долгогодишен стандарден првотимец и…
Лиценциран лектор по македонски јазик врши професионална лектура, коректура и јазична редакција на текстови од различен карактер и намена, со доследно почитување на нормата на стандардниот македонски јазик и соодветен стилски пристап. Лекторирањето ги опфаќа следните содржини:– научни, магистерски, докторски и специјалистички трудови;– учебници, прирачници и стручна литература;– книги, зборници и публикации;– правни акти, декларации и извештаи;– списанија, дневни весници и магазини;– рекламни и промотивни материјали;– постери, брошури и каталози;– упатства за употреба;– лектура на преводи и други видови текстови. Секој текст се обработува со високо ниво на јазична одговорност и професионална прецизност.По завршувањето на лектурата се издава нотарска потврда…
На 06.02.2026 во 12:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го приведоа Б.Д.(67) од делчевско, постапувајќи по претходна пријава дека на бул.„Македонија“ во Делчево го нарушил јавниот ред и мир. По преземени мерки е констатирано дека бил под дејство на алкохол и му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Општина Делчево и ДПСС „Осогово“ потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста во планинските подрачја Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и посетителите, особено во планинските подрачја, Општина Делчево денеска потпиша Меморандум за соработка со Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ од Кочани. Од Општината посочуваат дека развојот на туризмот, особено планинскиот, и зголемениот број љубители на природата, наметнуваат потреба од поголема подготвеност, одговорност и зајакнати безбедносни механизми. Потпишувањето на меморандумот претставува значаен чекор кон унапредување на заштитата и сигурноста на сите кои престојуваат и се движат во планинските реони на општината. Соработката предвидува заедничко и координирано спроведување на активности насочени…
Фудбалерите на Брегалница забележаа нова убедлива победа од 3:0 над ФК Каменица Саса во пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Штип, во рамките на подготовките за продолжението од сезоната. Штипскиот тим рано го наметна својот ритам и резултатска предност. Костов беше расположен за игра и постигна два гола уште во првото полувреме, погодувајќи во 6. и 12. минута, со што Брегалница брзо стекна сигурна предност. Конечниот резултат го постави Капсаров, кој беше прецизен од пенал во 26. минута, за убедливи 3:0, резултат кој остана непроменет до крајот на средбата. Денешниот натпревар заврши со идентичен резултат, како и натпреварот одигран…
Денеска се празнува Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен Богослов. Особено значајно…
Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, вечерва преку социјалните мрежи упати благодарност за укажаната доверба од страна на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Ковачки истакна дека новата функција за него претставува огромна одговорност, но и чест да му служи на членството и на државата. „Дадената доверба е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност и посветена работа“, напиша Ковачки. Тој воедно му се заблагодари и на неговиот претходник, Ѓорѓија Сајкоски, за неговата досегашна несебична посветеност на партиската организација.
Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години во Македонија. Ние сме група загрижени и општествено одговорни родители, наставници, стручни лица и граѓани што започнуваме петиција со која бараме воведување забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години во Македонија. Под името „Иницијатива за безбедно детство“, ова граѓанско движење…
Младински ХАБ „Млади Исток“ – нова поддршка за младинско социјално претприемништво преку проектот „Моја идеја – наша реализација“ Македонска Каменица, 06. Февруари 2026 година – Вчера, во Домот на културата во Македонска Каменица, се одржа почетна прес-конференција по повод стартот на проектот „Моја идеја – наша реализација: Младински ХАБ ‘Млади Исток’, кој има за цел да создаде современ младински хаб за поддршка на социјалното претприемништво кај младите. На прес-конференцијата беше истакнато дека проектот е наменет за млади од Македонска Каменица, Виница и Делчево, на кои ќе им обезбеди знаења, практични вештини, менторска поддршка и насоки за развој на сопствени социјални…
Bitcoin, најпознатата криптовалута во светот, во последните месеци покажува необично однесување, анализира CNN. Вредноста на Bitcoin падна под 63.000 американски долари – најниско ниво од октомври 2024 година – што претставува драматичен пад во однос на рекордните 124.000 долари достигнати минатата година. Самите нагли падови не се новост за криптопазарот, кој е познат по екстремна волатилност. Она што ги загрижува аналитичарите е времето кога овој пад се случува – токму во период кога, барем теоретски, Bitcoin требаше да расте. Геополитички тензии и AI-немир на пазарите Поддржувачите на криптовалутите со години го претставуваат Bitcoin како „дигитално злато“ – безбедно засолниште за…
