Author: Media Point
Нестабилното време и денес се задржува над земјава. Утринските часови носат зголемена облачност, а во западните региони уште од претпладнето започнуваат врнежи од дожд. Како што ќе одминува денот, дождовните облаци постепено ќе се шират и кон источните делови од државата. Ќе биде присутен слаб до умерен јужен ветер, кој повремено ќе го засилува чувството на свежина. Главниот град ќе се најде под сиво небо, со чести услови за повремени дождови. Ветерот во Скопје ќе биде слаб и со променлив правец, без поголемо влијание врз дневните температури. Во текот на денот, времето ќе остане променливо облачно, но со значителни разлики…
Љубовта кон децата ме водеше кон тоа да станам педијатар. И, до последниот мој работен ден, целосно бев посветена на децата. Без разлика што сум во пензија, и дали сум изморена или не, ниту еден родител со дете не сум вратила кога ќе дојдат на мојата врата“, открива д-р Виолета Арсова од Делчево. Примариус д-р Виолета Арсова е педијатар во пензија, но која уште има голема љубов кон својата професија и активна е и како претседател на Здружение на пензионери – Делчево. Родена на 6-ти февруари 1949 година, во убавото делчевско село Град, д-р Виолета има објавено многу научни трудови…
Пчеларска вечер во ресторан „Иднина“ на 28 февруари 2026 година На 28 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во ресторан „Иднина“ ќе се одржи Пчеларска вечер од отворен карактер, во организација на Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица. За присутните е подготвена музичка вечер со „Модерато и Кристина“, богато мени и лотарија со главна награда – центрифуга за мед. Картите се во ограничен број и можат да се набават на следните продажни места: Продавница „Лео Компани“, Пиљара „Медар“ и кја Данка Постоловска. Од пчеларското здружение ги покануваат сите заинтересирани пчелари и граѓани на Македонска Каменица и…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Синоќа во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.7 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица На 8 февруари, во Неделата на блудниот син, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ќе се служи Божествена Архиерејска Литургија. Со Литургијата ќе началствува Митрополитот Видински г. Пахомиј од Бугарската Православна Црква, во сослужение со Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Од храмот упатуваат покана до верниот народ да присуствува во што поголем број и заеднички да учествува во Светата Литургија и примањето на Божествените Дарови.
ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се нуди на продажба деловен простор со вкупна површина од 123 м², на атрактивна и фреквентна локација во Трговскиот центар во Македонска Каменица. Објектот се наоѓа на главната градска улица, во непосредна близина на градскиот пазар и автобуската станица. Просторот е погоден за вршење на угостителска, трговска или друга услужна дејност, и претставува одлична можност за деловни субјекти и индивидуални инвеститори. Истиот, овозможува флексибилност во организацијата на ентериерот, согласно со деловните потреби на купувачот. Цена: По договор. За подетални информации и договор за разгледување, Ве молиме контактирајте на +38978456317
Потпишани договори за унапредување на социјалните услуги во Крива Паланка Општинската организација на Црвен крст – Крива Паланка, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година продолжува со реализација на клучни социјални услуги за граѓаните. Денеска беа потпишани два значајни договори со кои се обезбедува континуитет на веќе воспоставени и докажани хумани проекти. Првиот договор се однесува на услугата „Помош и нега во домашни услови“, наменета за лица на кои им е потребна секојдневна поддршка во сопствениот дом. За оваа намена се обезбедени 18.323.200 денари. Вториот договор е за Центарот за дневен престој на стари лица…
Каменичка епархија: Молитвен спомен на Свети апостол Тимотеј и Преподобномаченикот Анастасиј Возљубени браќа и сестри во Христа, денес Светата Православна Црква молитвено го празнува споменот на: ✞ Свети апостол Тимотеј, ученик и духовно чедо на светиот апостол Павле. Тој живееше во I век и како прв епископ на Ефес со голема ревност ја проповедаше Христовата вера и ја уредуваше Црквата според апостолското предание. Неговиот живот беше пример за послушание, смирение и верност кон Евангелието, а својата служба ја запечати со маченичка смрт. ✞ Преподобномаченикот Анастасиј, по потекло Персиец, живееше во VI–VII век. По примањето на христијанската вера се замонаши и…
Под влијание на низок воздушен притисок и изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот Залив, Македонија ја очекува период на многу променливо и нестабилно време кое ќе трае до крајот на неделата. Во следните денови ќе има чести и повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни и поројни, а на одредени места ќе постојат услови и за ретка појава на грмежи. Засилен јужен и југоисточен ветер ќе дува повремено, особено денес и и повторно во петок. На повисоките планински предели, над 1400–1500 метри надморска височина, врнежите ќе бидат од снег, што ќе придонесе за нов снежен покривач. И во Скопје и…
Денеска, на 4 февруари, се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903), еден од најзначајните идеолози и организатори на македонското револуционерно движење и симбол на борбата за слободна, праведна и демократска македонска држава. Делчев останува запаметен како визионер кој ја разбирал Македонија како дел од светот во кој народите треба да се натпреваруваат културно, а не преку насилство и туѓи геополитички интереси. Тој јасно и бескомпромисно се спротивставувал на секое мешање на надворешни фактори во ослободителното дело на македонскиот народ, предупредувајќи дека лажните надежи и странските ветувања се подеднакво опасни како…
