Author: Media Point
По убедливиот почеток на гостинките од Македонска Каменица, кои обезбедија плус 10 (24:14), кошаркарките од Неготино успеаја да го искорстат опуштањето во играта на шампионот во втората. Дури и ја добија, со минимални (20:19). Но во второто полувреме, малку поинаков пристап на Баскет кам, кој резултираше со убедливи (28:11) во третито дел од играта, доволни за тренерот Тони Симиќ, во игра да внесе и некои помлади кошаркарки во екипата во послдените десет. Димова реализираше двоен ефект од 23.поени и 12.скока, Поп – Димитровска и Дојчинова ја следеа со по 18.реализации, додека Максимовска постигна 17 (плус и девет скока). Двоен броој…
Појавата на Новак Ѓоковиќ во светскиот спорт ја надминува филозофијата на резултатите, титулите, пласманите. Тоа воопшто не е важно иако статистички се е на негова страна, и тоа убедливо. Тоа не е поентата. Фигурата на Новак веќе 20 години симболизира карактер, коректност и беспрекорно ниво на емпатија кое го оплеменува спортот и ја надминува границата на гладијаторското ривалство. Он е апсолутна реплика на виртуелната стварност и во духот на колективите ширум меридијаните кои навиваат за него, он е водач на надежта и патријарх на опстанокот. Неговата појава е филозофска димензија која обединува светови и разединува суети. Не станува збор за…
Појавата на Новак Ѓоковиќ во светскиот спорт ја надминува филозофијата на резултатите, титулите, пласманите. Тоа воопшто не е важно иако статистички се е на негова страна, и тоа убедливо. Тоа не е поентата. Фигурата на Новак веќе 20 години симболизира карактер, коректност и беспрекорно ниво на емпатија кое го оплеменува спортот и ја надминува границата на гладијаторското ривалство. Он е апсолутна реплика на виртуелната стварност и во духот на колективите ширум меридијаните кои навиваат за него, он е водач на надежта и патријарх на опстанокот. Неговата појава е филозофска димензија која обединува светови и разединува суети. Не станува збор за…
Ракометната репрезентација на Хрватска си ја заврши задачата и со победа над Исланд (34-33) го освои третото место и бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) во Скандинавија. Во „малото финале“, балканската селекција покажа зрелост и вторпат го совлада Исланд на овој турнир по мечот во групната фаза. И покрај сите проблеми, вироза и болест во тимот, Хрватска се издигна над се и во драматичен финиш успеа да ја оствари мисијата. Најдобар стрелец на мечот беше Магнусон од Исланд со 12 гола, пред Кристјансон со шест гола, додека кај Хрватите одличен беше голманот Мандиќ со осум одбрани, а лидер на листата на стрелци беше Лучин со…
Новата детска градинка во населба Расадник, полека го добива својот финален изглед. Од денес интензивно се работи на дворното уредување и инсталирање на сите планирани содржини. Изразувам задоволство од текот на работите кои се во завршна фаза. Денеска се монтираа содржините околу новопланиранито детско игралиште, а согласно со проектот, од денес започнува и изградбата на дворна ограда во должина од околу 200 метри, летниковец, печашки патеки, детско игралиште со најразлични содржини. Работите ги извршува фирмата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ. Следува процес на набавка на мебел и други потребни средства,…
Божествена Литургија во храмот „Преп. Наум Охридски – Чудотворец“ во Делчево Денес, 1 февруари 2026 година, во Неделата на митарот и фарисејот, кога се чествуваат преподобниот Макариј Велики и свети Марко Ефески, во храмот „Преп. Наум Охридски – Чудотворец“ во Делчево беше служена Божествена Литургија. Со Литургијата началствуваше епископот Делчевско-каменички г. Марко. По читањето на Светото Евангелие, владиката одржа архипастирска беседа, во која ја протолкува евангелската порака и истакна дека Црквата нè подготвува за почетокот на Великиот пост преку повик на смирение и покајание. Во беседата беше нагласено дека без смирение и искрено покајание, постот и молитвата ја губат својата…
Света Архиерејска Литургија и храмова слава во Оризари На 31 јануари 2026 година, кога Македонската православна црква го одбележува споменот на свети Атанасиј Велики и свети Кирил Александриски, во храмот „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари, Кочани беше одржана Света Архиерејска Литургија и храмова слава. Со Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија. По читањето на Светото Евангелие, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна духовна беседа пред верниот народ. По завршувањето на Светата Литургија беше извршена литија околу храмот со иконата на свети Атанасиј Велики, по што следеше мал водосвет и благословување и кршење…
Од денеска, 1 февруари, официјално почнува со целосно функционирање системот „Безбеден град“. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека системот ќе биде активен на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и долж магистралните патишта на Коридорите 8 и 10. Ова означува крај на толеранцијата и почеток на санкционирање на граѓаните чии прекршоци ќе бидат детектирани од поставените камери. Системот автоматски ќе регистрира четири типа на најчести сообраќајни прекршоци: Управување со брзина поголема од пропишаната; Минување на црвено светло; Непрописно паркирање; Управување возило со истечена регистрација. Од МВР појаснуваат дека камерите се стратешки поставени на критичните точки каде статистички…
Денешната ждрепка во Хернинг го откри патот на македонската ракометна репрезентација кон пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Германија. Македонија, благодарение на освоеното трето место во групата на Европското првенство во Данска, избори поволна позиција во квалификацискиот циклус и ќе настапи во само еден бараж, наместо во два. Нашата селекција ја дочека ждрепката како носител, што значеше избегнување на неколку европски ракометни велесили како Франција, Шпанија, Норвешка, Словенија, Унгарија, Швајцарија, Холандија, Австрија, Фарски Острови и актуелниот домаќин на ЕП Данска. Ждрепката одлучи Македонија да се соочи со победникот од првиот бараж-дуел, во кој силите ќе…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.С.(36) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 31.12.2025 во Делчево, пријавениот физички нападнал полицискиот службеник кој извршувал службени дејствија.
