Author: Media Point

Македонските превозници вечер во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Aсоцијацијата Макам-транс“, откако Европска комисија донесе одлука за носење нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи за престојот во траење од 90 во 180 дена во шенген-зоната. Со тоа, по речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на премините „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“, „Блато“ и „Стење“ за влез и излез од државата. „Макам-транс“ во објава на „Фејсбук“ наведе дека се повлекуваат од блокадите,…

ПОВЕЌЕ ...

Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш Бримора, денеска ја посети Општина Кочани, при што оствари официјална средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби и развојните потенцијали на Кочани, како и можностите за унапредување на соработката меѓу Општина Кочани и институции, организации и компании од Република Полска. Посебен акцент беше ставен на локалниот економски развој, инвестициите, образованието и искористувањето на европските фондови. Градоначалникот Грозданов го информираше амбасадорот Бримора за тековните проекти и приоритетите на локалната самоуправа, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката и воспоставување конкретни партнерства од заемен интерес. Амбасадорот Бримора ја…

ПОВЕЌЕ ...

Новинарски текстови во дневни весници пишувани пред еден век зборуваа за нашето Царево Село, јасно сликајќи конкретни настани и личности кои дале свој белег во тоа време. Десетина статии беа денеска собрани во една убава изложба посветена на историјата и културното минато на нашето Царево Село претставувано преку архивски текстови и пишани извори во периодот 1924-1937 година. Изложбата е во организација на ЈЛБ „Илинден“ и во оваа прилика им честитам за убавата иницијатива и за трудот да се соберат и да се промовираат овие новинарски статии пожолтено од времето, но богати по содржина и значење. Тоа е историја, доказ за…

ПОВЕЌЕ ...

Во Домот на Армијата во Скопје денеска се одржа редовното годишно реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова. На настанот присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и генерали од Армијата. Реферирањето го одржа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој ги презентираше реализираните задачи и постигнатите резултати во областа на персоналот, обуката и вежбите, опремата и инфраструктурата, военото планирање, модернизацијата и буџетот. Тој истакна дека Армијата е целосно подготвена да ја извршува својата уставна улога во одбраната на државата, како и да ги исполнува националните и…

ПОВЕЌЕ ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на…

ПОВЕЌЕ ...

Торжествено прославен празникот на преподобниот Гаврил Лесновски во Лесновскиот манастир На 28 јануари 2026 лето Господово, кога Светата Православна Црква прави спомен на преп. Гаврил Лесновски, преп. Прохор Пчински; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско – осоговски г. Григориј и свештенослужители од СПЦ и МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во Лесновската света обител. На Божествената Литургија присуствуваа директорот на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија г. Горан Ангелов, градоначалникот на општина Пробиштип г. Тони Тоневски и многуброен верен народ. На крајот од Литургијата пригодна…

ПОВЕЌЕ ...

Младинската организација Градец со донација за реновирање на домот на семејството на Ленка Младинската организација на село Градец, Виница, информира дека денеска е извршена уплата на фактура во износ од 7.700 денари за набавка на градежен материјал неопходен за реновирање, меѓу кој цемент, F6 мрежа и два кубни метри песок. Со оваа донација е обезбеден конкретен придонес за подобрување на условите за живеење на семејството на Ленка од Градец. Од Младинската организација истакнуваат дека солидарноста и заедништвото остануваат нивна водилка и дека ќе продолжат со активности насочени кон помош на оние на кои им е најпотребна.

ПОВЕЌЕ ...

Дури 71 процент од граѓаните се за членство на Македонија во Европската Унија, покажува најновото истражување на Институтот за демократија Социетас цивилис. Истражувањето, кое денеска беше претставено во Собранието, покажа дека ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Македонија сега и поради неизвесната политика на САД. Зголемен е бројот на граѓани кои ја сметаат Македонија како земја која припаѓа на Западот, особено по дилемите изминативе години за вртење кон исток. Директорот на Институтот Марко Трошановски, вели дека се работи за голем скок кај поддршката за ЕУ, особено што тоа се должи на сменетото расположение на македонската заедница. Намален е…

ПОВЕЌЕ ...

Дигитализација во работењето на Советот на Општина Делчево Денес беше спроведена обука на советниците на Советот на Општина Делчево за користење на новата дигитална платформа opstinskisovet.mk, со што успешно се заокружи подготвителната фаза за нејзина примена. Веќе од петок, платформата ќе биде ставена во целосна функција и ќе се применува во практичната работа на Советот. Секој граѓанин ќе може да се најави како гостин и да има увид во материјалите, одлуките и работата на Советот – целосно дигитално. Со ова се започнува уште едно предизборно ветување, преку кое граѓаните добиваат поголема транспарентност, отвореност и директен пристап до информациите од локалната…

ПОВЕЌЕ ...

Низ социјалните мрежи се појави фотографија од потпис на млад Македонец, која брзо се прошири и на балканските страници посветени на хумор и сатира. Меѓу младите денес често се користат изразите „флекса“ и „гасер“ – поим што означува начин на живот во кој се демонстрира самоувереност, нескромно покажување и став на „опасен лик“. Овој сленг најчесто е превземен од Србија, каде што популарно се користи фразата „у гасу“. Според коментарите на социјалните мрежи, токму овој млад Македонец важи за човекот со „најгасерскиот“ потпис.

ПОВЕЌЕ ...