Author: Media Point

Новиот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја одржа својата Конститутивна седница на која беше избрано новото раководство на Советот. Со консензус на сите членови за претседател е избран Зоран Биковски, а за заменик-претседател Билјана Ѓеоргиевска. На Седницата, новите членови на Советот се запознаа со активностите и мерките предвидени во Програмата за социјална заштита за 2026 г, а посебно внимание беше посветено на Планот за подготовка на Социјалниот план за период 2026-2030- значаен документ кој треба да ги опфати сите активности и мерки и услуги кои ќе се даваат на граѓаните. Советот за социјална заштита ги има следните надлежности: изготвува…

ПОВЕЌЕ ...

Социјалната мрежа „Фејсбук“ моментално се соочува со технички проблеми на нивната компјутерска платформа, односно „desktop“ верзија. Истата предизвикува потешкотии при пристапот и користењето на платформата. Голем број корисници пријавуваат дека страницата не се отвора соодветно или прикажува порака за грешка. Според податоците од платформата „Down Detector“, корисници од повеќе земји веќе пријавиле проблеми со вчитување на почетната страница, прегледување на профили, како и користење на Messenger. Најчесто, при обид за отворање на Фејсбук се појавува пораката: „Something went wrong.This may be because of a technical error that we’re working to get fixed. Try reloading this page.“ Оваа порака укажува на…

ПОВЕЌЕ ...

Архиерејска Литургија за Сретение Господово во Македонска Каменица На 15 февруари, во Неделата Месопусна – посветена на споменот за Страшниот Суд, кога Црквата го празнува и големиот Господов празник Сретение Господово, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ќе се отслужи света богослужба. Богослужбениот распоред е следниот: – 07:00 часот – Утрена – 08:15 часот – Света Божествена Литургија Со Светата Божествена Литургија ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение со свештенството од епархијата. На празникот Сретение Господово се одбележува принесувањето на Младенецот Христос во храмот и Неговото пресретнување од праведниот Симеон Богопримец, додека Месопусната…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево започна постапка за отстранување на бесправно изградени објекти Општина Делчево ја информира јавноста дека, во рамки на своите законски надлежности, е започната постапка за отстранување на бесправно изградени објекти на територијата на општината. За таа намена, веќе е спроведена јавна набавка преку Бирото за јавни набавки за избор на економски оператор кој ќе ја спроведува постапката. Од Општината апелираат до сите физички и правни лица кои поседуваат бесправно изградени објекти доброволно да пристапат кон нивно отстранување, на сопствен трошок. Во спротивно, надлежните општински и инспекциски служби ќе постапат со присилно отстранување, во согласност со Законот за градење и…

ПОВЕЌЕ ...

Земјотресот е со проценета јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Тераце. Вечерва во 22:05 часот е регистриран земјотрес со проценета јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Тераце. Според податоците, потресот се почувствувал и во соседните земји – Косово, Србија и Албанија, предизвикувајќи краткотрајно загрижување кај локалното население. Засега нема информации за повредени или значителни материјални штети.

ПОВЕЌЕ ...

Продолжува уредувањето на крошните од листопадните дрвја во централното градско подрачје во Виница По завршувањето на кастрењето на дрвјата долж булеварот, денес продолжија активностите и на главната улица „Маршал Тито“ во Општина Виница. Станува збор за редовни комунални активности со цел уредување на јавниот простор и зголемување на безбедноста за пешаците и учесниците во сообраќајот. Надлежните информираат дека, доколку временските услови го дозволат тоа, работите се очекува да завршат денес и утре. Од Општина Виница апелираат до граѓаните за разбирање, а до возачите за трпеливост, со препорака да не ги паркираат возилата на локациите каде што се врши кастрењето, со…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Владко Грозданов, во име на Општина Кочани, го потпиша договорот со Друштвото за производство, трговија и услуги „Ски-Надја“ од Кочани – новиот закупец на двата ски-лифта на Пониква. Според договорот, за закупот на овие инфраструктурни објекти, сопственост на Општина Кочани, „Ски-Надја“ ќе плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, цена постигната како највисока на одржаното јавно наддавање на 30 јануари 2026 година. Закупецот е должен да ги одржува ски-лифтовите за нивно безбедно и непречено функционирање. Склучениот договор е со времетраење од 10 години. Посакувајќи му успешна работа на управителот на „Ски-Надја“, Александар Стојков, градоначалникот додаде дека управувањето со ски-лифтовите е…

ПОВЕЌЕ ...

На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица,  со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор. Извор: Дневен Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и полковник Јиржи Фојтик, директор на средното и вишото стручно училиште за противпожарна заштита во Чешка, денеска го потпишаа договорот за донација на противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица – Кочани. Чешката делегација беше предводена од амбасадорот Јерослав Лудва, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Договорот за донација на противпожарно возило е во вредност од 7,94 милиони денари и претставува хуманитарна помош од Чешка за зајакнување на капацитетите за справување со вонредни состојби.

ПОВЕЌЕ ...

Известување за Задушници – Распоред за присуство на свештениците во Каменичка парохија Свештенството при Каменичка парохија ги информира верниците дека во петок и сабота, 13 и 14 февруари, Православната Црква ги одбележува Задушниците – денови посветени на молитвен спомен за упокоените предци, сродници и ближни. Во овие денови, со молитва и надеж во воскресението, се принесуваат молитви за прошка на гревовите и за нивно упокојување во Царството Небесно. Распоред на молитвите: Петок – 13 февруари 13:30 часот – Св. Илија, Македонска Каменица 14:30 часот – Нови гробишта, Македонска Каменица 15:30 часот – с. Тодоровци Сабота – 14 февруари 06:00 часот…

ПОВЕЌЕ ...