Author: Media Point

Се продава деловен објект во Градскиот трговски центар – Македонска Каменица Се продава деловен објект со површина од 123 м², во Градски трговски центар, во самиот центар на Македонска Каменица. Објектот се нуди по цена од 900 € за метар квадратен. Станува збор за еден од најфреквентните делови во градот, во непосредна близина на градскиот пазар, автобуската станица и регионалниот пат кон Кочани и Делчево, со одлична видливост и лесен пристап. Идеална локација за различни деловни намени како трговија, канцеларии или услужни дејности, со континуиран проток на пешачки и моторен сообраќај. За повеќе информации и разгледување на објектот, контактирајте на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – Пожар зафати куќа во периферниот дел на градот, покрај регионалниот пат Македонска Каменица – Саса. Според добиените информации од терен, во моментот на избувнување на пожарот во објектот се наоѓало едно лице, кое било навремено извлечено од страна на полициски службеници. На лицето му била укажана прва медицинска помош од екипа на Итната медицинска помош во Македонска Каменица. На местото на настанот интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, кои со сите расположливи ресурси успеаја да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот. Причините за настанување на пожарот засега не се познати и истите ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Света Божествена Архиерејска Литургија, со која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Наум, во сослужение со Неговото Преосвештенство Епископот делчевско-каменички г. Марко и свештенството од епархијата. Во архипастирската беседа, Митрополитот Наум се осврна на евангелската порака за Страшниот Суд, нагласувајќи дека љубовта кон ближниот е мерилото по кое човекот ќе биде суден. Тој истакна дека причестувањето со Телото и Крвта Христови значи и повик на единство, прошка и милосрдие кон секој човек како икона Божја. По завршувањето на Литургијата, Марко му врачи граден крст и камилавка на отец Атанас, во…

ПОВЕЌЕ ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе, со 31 Mаврови Анови. Во Охрид наврнале 29 литри дожд, Скопје-Зајчев Рид, 21,  Попова Шапка, 17, Kрушево, 16, Битола, 15, Скопје-Петровец, 13, Ѓуриште, 12, Крива Паланка, 11, Прилеп, 9, Претор и Велес, 8, Гевгелија, 7, Берово и Тополчани, 6,  Виница и Струмица, 4, Штип, 3, Кавадарци и Демир Капија, 2, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка температурата во 7 часот изнесувала -1 степен, 1 во Mаврови Анови, 2…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска го славиме Воведувањето на Господа, денот кога луѓето првпат го сретнале бебето Исус Христос. Четириесет дена по неговото раѓање, Богородица го донела својот син во храмот во Ерусалим за да му го посвети на Бога според законот. Во храмот ја виделе старецот Симеон и вдовицата Ана, кои во малиот Исус го препознале долгоочекуваниот Месија. Оваа вест фарисеите му ја соопштиле на царот Ирод, кој мислел дека тоа е новиот цар за кој му кажале астролозите од Исток, па тој брзо испратил луѓе да го убијат Христ. Сретение меѓу народот се толкува како ден кога се спојуваат зимата и летото.…

ПОВЕЌЕ ...

Спомен на свети маченик Трифун и молитвено сеќавање на упокоените – Задушница Православната Црква денес го одбележува споменот на светиот маченик Трифун, а воедно влегува во претпразненството на Сретението Господово и го одбележува денот посветен на молитвено сеќавање на упокоените – Задушница. Свети Трифун уште од младоста Му служел на Бога со искрена вера и чисто срце. Познат по дарот на исцелување и силната молитва, тој останал непоколеблив во исповедувањето на Христа, сведочејќи ја својата љубов со маченичка смрт. Неговиот пример потсетува дека верата и светоста не зависат од возраста, туку од преданоста и смирението. Во пресрет на Сретението Господово,…

ПОВЕЌЕ ...

Полицајците на Вождовац уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците. Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста. објави Скопје1.мк Како што беше објавено, С. Г. скоро добил отказ во пицеријата каде работел, па револтиран дошол со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на објектот. Тој го снимил пожарот, а потоа снимките им ги испратил на сопствениците со порака „Гледајте како гори“. Осомничениот С.Г. е приведен до 48 часа…

ПОВЕЌЕ ...

Во попладневните часови на 12 февруари 2016 година, во Домот на културата во Македонска Каменица, со благослов на Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во рамките на прославата на празникот на светите Три Јерарси, се одржа промоција на филмот „Железна тврдина“ на режисерот Митко Панов. По завршувањето на проекцијата, за филмот говореше Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид. На крајот следеше богата и плодотворна дискусија помеѓу присутните гледачи, од една, и режисерот Митко Панов и епископите Марко и Давид, од друга страна.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА ќе одигра пријателски натпревар против ЖФК Вардар Натпреварот ќе се одигра на 15 февруари 2026 година, во недела, со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Се покануваат љубителите на фудбалот да присуствуваат и да ги поддржат фудбалерките во овој контролен меч.

ПОВЕЌЕ ...

ТППЕ Берово доби специјално противпожарно возило од Словенија Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово денеска официјално го прими новото специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње од Република Словенија. Станува збор за значајна донација која ќе придонесе за унапредување на системот за противпожарна заштита и зголемување на оперативната подготвеност на единицата во Општина Берово. На примопредавањето, градоначалникот на Берово, Петар Ружински, упати благодарност до сите кои придонеле за реализација на донацијата. – Посебна благодарност упатувам до пратеничката и наша сограѓанка, госпоѓа Сандра Газинковска, која со својата лична заложба имаше клучна улога во реализацијата на оваа донација и во поврзувањето…

ПОВЕЌЕ ...