Author: Media Point
Општина Делчево имплементира на нова административнo-дигитална платформа “Смарт Делчево” Оваа платформа подразбира воведување на нов јавен административен и дигитален систем за поднесување, следење на тек и реализација на предлози, иницијативи и идеи од граѓаните, месните и урбаните заедници и граѓанскиот и бизнис сектор преку кој граѓаните ќе имаат увид на текот на секоја иницијатива/барање/проблем/предлог/идеја. Платформата ќе биде ускладена со актуелната позитивна законска регулатива, внатрешни процедури, протоколи и постапки за сите функционалности на општина Делчево. Целта на оваа дигитална јавна интернет алатка е зголемена транспарентност и ефикасност при постапувањето со пријавување, следење и експресно решавање на проблеми од ингеренции на ЕЛС…
Прво место за ученичките при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на регионалниот футсал турнир Македонска Каменица – Со одлична игра нашите ученички успеаја да се наметнат како најдобри меѓу врсничките од другите училишта во регионот и заслужено да го освојат првото место. Веста за успехот ја објави наставникот Зоран Златковски, кој упати честитки до учениците за вложениот труд и постигнатиот резултат. Со оваа победа, училиштето уште еднаш го потврди континуитетот на успеси во училишниот спорт и достојно ја претстави Македонска Каменица на регионално ниво.
ЈЛБ “ИЛИНДЕН” ДЕЛЧЕВО ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК Мајчиниот јазик е нашиот прв збор, прва мисла и најдлабока врска со сопствениот идентитет. Тој ја носи нашата историја, култура и традиција и не поврзува со минатото, сегашноста и иднината. По повод 21 февруари – меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево го одбележува овој значаен ден со потсетување за важноста од неговото чување, негување и пренесување на идните генерации. Годинава овој датум го одбележавме заедно со петтооделенците од ООУ„СВ.Климент Охридски“ – Делчево и наставничките Јулија, Васка и Даниела. Преку креативна и едукативна работилница се потсетивме на старите македонски…
На 13.02.2026 (петок) се одржа општински натпревар по биологија на кој учествуваше и Софија Ситновска, ученичка при СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица. “Софија обезбеди пласман за понатамошен натпревар на регионално ниво, – истакнаа од училиштето, упатувајќи честитки за постигнатиот успех на Ситновска со желби за уште многу успеси во иднина.
Пчеларите од Македонска Каменица во понеделник ќе го одбележат патрониот празник Св. Харалампиј Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ ги повикува сите свои членови и заинтересирани граѓани да учествуваат на традиционалното одбележување на празникот Св. Харалампиј, заштитник на пчеларите. Настанот е закажан за 23 февруари 2026 година, понеделник. Програмата започнува во 10:00 часот со Света литургија пред храмот Успение на Пресвета Богородица, а во 11:00 часот ќе следува засадување садници кај Рудникот Саса. Во 12:00 часот, веднаш по засадувањето на дрвцата во Рудникот Саса, членовите ќе добијат медоносни садници. Оваа традиционална активност не само што ја промовира грижата за природата, туку…
Знаете ли од кај иде оваа длабока сиромаштија, без перспектива, јад и очај? Сето тоа е личен револт, од реакцијата, од нервозите и фрустрациите кои ни ги наметнуваат и кои имаат за цел како индивидуи да не поништат, како таксена марка кога ја прешкртаат. Бесот е оправдан, длабоко вкоренет во срцето на праведниот ум. Како луѓето да издржат кога гледаат кој се врши јавна функција? Како да останат мирни кога се неми пред општински, регионални и државни функционери кои стомаците си ги полнат и празнат кога посакаат, како товени свињи? Како да направат разлика помеѓу полицаец и криминалец, цариник и…
ЧУПИНО WINTER VERTICAL 2026 – 5 километри и 1000 метри искачување Во недела, 22 февруари, по осми пат ќе се одржи планинската трка „Chupino Winter Vertical“, која прерасна во еден од најатрактивните зимски спортски настани во регионот. Трката е долга 5 километри со 1000 метри висинска разлика. Стартот е закажан во 10:00 часот од чаршијата во Блатец, а целта е на врвот Чупино. Организаторите најавуваат учество на околу 150 натпреварувачи од осум држави, меѓу кои и врвни вертикал тркачи од регионот. Со оваа трка официјално започнува новата сезона на Sky Running лигата. По пристигнувањето на првите натпреварувачи, во 11:30 часот…
Возљубени браќа и сестри во Христа, денес со благодарност го празнуваме споменот на преподобниот Партениј, епископ Лампсакиски, голем чудотворец и пастир исполнет со љубов кон Бога и кон луѓето. Свети Партениј уште од младоста се одликуваше со чист живот, длабока вера и милосрдие. Како епископ на Лампсак, тој ја водеше паствата со тивка мудрост и духовна сила, а по Божја благодат доби дар да исцелува болни и да изгонува нечисти духови, секогаш сведочејќи дека силата не е во човекот, туку во Христос. Неговиот живот ни покажува дека вистинскиот пастир е оној што служи со смирение, молитва и жртвена љубов, и…
СЕ ПРОДАВА ТРОСОБЕН СТАН ОД 85m² ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се продава трособен стан во Македонска Каменица со вкупна површина од 85 m². Станот се наоѓа на улица „Александар Македонски“. Идеален за семејно домување, со комфорен и функционален распоред. Повеќе и подетални информации исклучиво на телефон 071 549 621.
Митко Костадиновски: Исплатени речиси 30 милиони денари обврски во Општина Виница од почетокот на градоначалничкиот мандат Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, информира дека во изминатите три месеци Општината исплатила речиси 30 милиони денари обврски кон добавувачи и по разни основи. Исплатени се 6.500.000 денари за надоместоци на лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од минатогодишните локални избори. Дополнително, реализирана е исплата од 8.000.000 денари за изградба и реконструкција на улици и 2.000.000 денари за изработка на проекти и геодетски услуги. Општината ја исплатила и последната рата од кредитот од 2013 година во износ од 2.300.000 денари, како и долгот…
