Author: Media Point

 Родителите сѐ позагрижени за трендот децата да минуваат многу време заедно со своите паметни уреди. Потенцијалните ризици се големи и многу познати, особено кога станува збор за менталното здравје, раст и развиток на децата. Она што најмногу е зборувано е играта „Роблокс“ која стана забранета во голем број земји, поради негативните нус-ефекти. – Истражувањата за дигиталното однесување на децата покажуваат дека „Роблокс“ може да ги преобликува емоционалните обрасци на начини што многу семејства не ги очекуваат. Она што изгледа како едноставна игра постепено станува циклус обликуван од награди, социјален притисок и непредвидливо возбудување што го одржува мозокот на детето да копнее повеќе.…

ПОВЕЌЕ ...

Прием во кабинетот на градоначалникот Гоцевски: Делчево домаќин на ученици од Тирана во рамки на „Суперучилишта“ Градоначалникот Иван Гоцевски денеска во својот кабинет оствари средба со претставници од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ и со ученици и наставници од партнерските училишта од Тирана, Албанија, кои престојуваат во Делчево во рамки на програмата „Суперучилишта“ – четврти циклус. Во рамки на проектната размена, во Делчево се реализираат активности со учество на 15 ученици и двајца наставници од средни технички и економски училишта од Тирана. На средбата се разговараше за тековните активности, програмата за престојот и можностите за понатамошна меѓународна соработка. Градоначалникот истакна…

ПОВЕЌЕ ...

Успешен настап на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на општинскиот натпревар по биологија Македонска Каменица – На 13 февруари 2026 година во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица се одржа општински натпревар по биологија, на кој учениците постигнаа значајни резултати. Во VII одделение, Бојана Митевска освои II награда, а Дамјан Стоименовски III награда, под менторство на наставничката Виолета Накова. Под менторство на наставничката Љупка Ристовски, Теона Николовска доби пофалница. Во VIII одделение, Јана Петровска освои II награда, додека Нела Митевска доби пофалница. Во IX одделение, под менторство на наставничката Љупка Рустовски, ученичката Тамара Таскова освои II…

ПОВЕЌЕ ...

Филип Ангелов со III награда на Регионалниот натпревар по математика На 14 март, во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово, се одржа Регионалниот натпревар по математика за средношколците од источниот регион. Ученикот Филип Ангелов оствари одличен резултат и освои III награда во силна конкуренција, со што обезбеди директен пласман на Државниот натпревар по математика што ќе се одржи во Скопје. Од училиштето упатија честитки до ученикот и неговиот ментор за постигнатиот успех и им посакаа успешен настап на државното ниво.

ПОВЕЌЕ ...

Ќе има ли нови блокади на транспортерите од Македонија и Западен Балкан? Блокади на балканските граници кон ЕУ од страна на камионџиите се повторно актуелни, откако дел од регионалните медиуми објавија дека Европската комисија ги одбила предлозите, превозниците да ги третира како професионалци, а не како туристи, што е причина за нивна депортација по пречекорувањето на 90-дневниот престој во унијата. Дополнителен проблем е новиот електронски систем за влез и излез, поради кој возачите брзо го достигнуваат лимитот и добиваат „црн печат“. Од Министерството за транспорт експресно ги демантираат овие информции, нарекувајќи ги шпекулации и апелираат да не се потпаѓа на…

ПОВЕЌЕ ...

Цената на бензините се зголемува, додека дизелот продолжува да се продава по досегашната цена, што влијае на трошоците за возење и транспорт. Според најновите податоци, малопродажните цени на бензините во Македонија бележат зголемување, додека цената на дизел‑горивото останува непроменета. Ова значи дека возачите на бензински моторни возила ќе плаќаат повеќе за литар гориво, додека дизел‑возилата засега ќе се полнат по досегашните цени. Регулаторната комисија за енергетика ја образложува промената со зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и влијанието на девизниот курс. Зголемувањето на цената на бензинот директно се одразува на трошоците за транспорт и секојдневните…

ПОВЕЌЕ ...

На 26. февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка. Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените мерки. Од таму велат дека донесените решенија се правосилни и задолжителни за извршување и нивното спроведување не смее да биде доведено во прашање. „Непочитувањето на институционалните одлуки и продолжувањето на постапки спротивни на закон претставува сериозен преседан што директно…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот, а магла со видливост до 50 метри има на Плетвар и Пресека, информира Авто-мото сојуз на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања. Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март е задолжителна зимска опрема во возилата и апелираат на внимателно возење, особено на делниците каде има опасност од одрони. Патот Охрид – Ресен преку Национален парк Галичица е затворен до…

ПОВЕЌЕ ...

Одбележани „Месни поклади“ во манастирот „Св. Спас“ во Драгобраште Во организација на Здружението на жени „Златни срца“ од Виница, во атарот на манастирот „Св. Спас“ во село Драгобраште се одржа манифестацијата „Месни поклади“. Настанот беше посветен на зачувување на традицијата, верата и културното наследство, со цел зајакнување на заедништвото во локалната средина. Манифестацијата имаше и хуманитарен карактер – средствата собрани од продажбата на домашно подготвена храна ќе бидат донирани за потребите на манастирот. На настанот присуствуваа градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, како и пратеничката во Собранието, Даниела Христова. Во знак на поддршка, тие засадија плодородни и зимзелени дрвца во дворот…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава плац со површина од 440 м² кај м.в. Падарница во Македонска Каменица. Плацот има чист имотен лист, к.п бр. 3896/2 Истиот е погоден за изградба на куќа и има преубав и отворен поглед кон градот. Има пристап до пат и можност за приклучоци до електрична, водоводна и канализациона мрежа. Цена по договор. Повеќе информации на следниов контакт телефон 00393517067727 (WhatsApp) или во инбокс на следниов профил на Фејсбук: https://www.facebook.com/share/1Bt7hb6Kq6/

ПОВЕЌЕ ...