Author: Media Point

Кривична пријава против виничанец: На малолетник од Македонска Каменица му овозможил употреба на кокаин Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.К. (22) од Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Инцидентот се случил на 31 октомври 2025 година во Македонска Каменица, кога во паркирано патничко возило „Фолксваген Пасат“, пријавениот овозможил на малолетник да користи кокаин. Изворна веста: Дневен билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Пчеларите од Делчево најавија востановување нова манифестација под наслов „Денови на пијанечкиот мед“ која има за цел афирмација и промоција на пијанечкиот мед како здрав и квалитетен еколошки производ. Ова го најавија делчевските пчелари од Здружението „Пијанечка пчела два“ на настан организиран по повод одбележување на празникот на пчеларите и нивниот заштитник,  свети Харалампие. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски кој даде поддршка на работата на Здружението и истакна дека востановувањето на новата манифестација е во насока на зачувување на пчеларската традиција и на подигањето на свеста за значењето на пчеларството во руралниот развој нашето Делчево и регионот. –       Манифестацијата „Денови на пијанечкиот мед“…

ПОВЕЌЕ ...

Во новата детска градинка во населба Расадник заврши изградбата на ново детско игралиште со повеќе реквизити и безбедна подлога, наменето за најмладите. Паралелно со тоа, во тек е изградба на дворна ограда во должина од околу 200 метри, летниковец, пешачки патеки, како и поставување клупи и корпи за отпад, согласно предвидената проектна документација. Градежните активности ги изведува компанијата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот изнесува 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ. Од надлежните информираат дека работите се одвиваат со засилена динамика, со цел обезбедување поквалитетни и побезбедни услови за престој на децата.

ПОВЕЌЕ ...

Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до организаторите од Македонска Каменица и до клубот Баскет Кам за извонредната организација на годинашниот кошаркарски Куп на Македонија во женска конкуренција. Настанот беше реализиран на високо професионално ниво, со одлична логистика, беспрекорни услови за игра и гостопримство, кое уште еднаш потврди дека Македонска Каменица е подготвена да биде домаќин на врвни спортски манифестации. Целокупната организација, координација и посветеност на домаќините придонесоа Купот да помине во спортски дух, фер и коректна атмосфера, на задоволство на екипите, публиката и целокупната спортска јавност. Посебна благодарност упатуваме и до градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштува дека утрово во 06:10 часот, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, баран по потерница, се појавил на граничниот премин Блаце, кој веднаш бил лишен од слобода и приведен за понатамошно постапување, пишува ТВ Алсат. „На 23.02.2026 година во 06:10 часот на влез во Република Северна Македонија на граничниот премин Блаце, со мерка „Апсење“ се јавил Артан Груби, роден на 07.06.1977 година. Предметното лице е лишено од слобода за понатамошни дејствија“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, на големиот христијански празник Прочка, упатувам искрена порака до сите граѓани, да побараме и да дадеме прошка. Прочка не е само традиција, туку вредност што нè учи на човечност, разбирање и почит. Во духот на празникот, да ги надминеме недоразбирањата, да подадеме рака и да продолжиме напред со чисто срце и добри мисли. Како градоначалник, свесен сум дека секоја одлука и секој чекор носат одговорност. Доколку сум направил ненамерна грешка или сум повредил некого, барам прошка. Верувам дека само со заемна почит и искрен дијалог можеме да изградиме посилна и пообединета заедница. Нека ни биде ова ден за помирување,…

ПОВЕЌЕ ...

Делчевецот Стево Алексовски успешно го искачи Чупино на Winter Vertical 2026 Блатец, 22. Февруари 2026 година – Делчевецот Стево Алексовски денеска успешно го заврши искачувањето на „Chupino Winter Vertical 2026“, планинската трка што се одржа во Блатец. Годинава во знакот на поддршката на иницијативата за стопирање на изградбата на хидроцентрала на реката Блатешница. Станува збор за патека долга 5,5 километри со искачување од 1000 метри надморска височина – вистински предизвик и за најподготвените учесници. „Преубави гледки со живописна природа, а на самиот врв – права зима“, изјави Алексовски по завршувањето на искачувањето, опишувајќи ја атмосферата на Чупино, каде спортот и…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. И секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот… Ваков е начин на којшто денеска се одбележува еден од големите христијански празници – празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади. По меѓусебното поздравување, верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости. Проштевањето е духовно миење.…

ПОВЕЌЕ ...

На 21.02.2026 околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

ПОВЕЌЕ ...

КУП 2026 – ЖЕНИ: Голем настан за малото рударско место – Македонска Каменица! Викендов следуваат возбудувања од финалниот турнир од Купот во женска конкуренција. Четири се желбите, еден е трофејот, оној кој се доделува за најдобрата од нив на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција. По 34. пат во историјата на македонската клупска кошарка се игра „Фајнал-фор “ турнирот кој треба, оваа година, да го даде наследникот на Вардар, која важи како актуелен освојувач на ова натпреварување. Во наредните два дена, екипите на Крива Паланка, на Бадел 1862, МЗТ Бела вода и домаќинот, Баскет кам 2011 ќе…

ПОВЕЌЕ ...