Author: Media Point

Во Виница отворен прв социјален провајдер за помош и нега во домот Во Виница за првпат започна со работа социјален провајдер за услугата помош и нега во домот. Станува збор за Асоцијација на социјални провајдери „Стартер Плус“ – Виница, лиценциран и финансиран од Министерство за социјална политика, демографија и млади, кој функционира во соработка со Центар за социјална работа Виница. Корисници на услугата можат да бидат лица со најтешка и комбинирана попреченост, потполно слепи лица, стари лица и други граѓани со намален функционален капацитет кои не можат самостојно да се грижат за себе. Максималниот обем на услугата изнесува до 80…

ПОВЕЌЕ ...

Отворен нов Туристички културно-информативен центар во Делчево Во Делчево започна со работа новиот Туристички културно-информативен центар, лоциран во најфреквентниот дел од градот, во близина на Градското кино. Центарот има за цел на едно место да ги презентира туристичките и културните потенцијали на општината и да придонесе кон локалниот економски развој. Проектот го реализира Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево и Министерство за дигитална трансформација. Предвидено е воспоставување репрезентативна база на туристички потенцијали, кои ќе бидат структурирани во туристички производи наменети за домашни и странски тур-оператори. Во рамки на центарот ќе функционира и дигитална платформа за промоција…

ПОВЕЌЕ ...

Синоќа Секторот за компјутерски криминал при редовните активности за следење на дигиталниот простор детектирал објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство малолетник. Министерството за внатрешни работи (МВР) спречи малолетник да изврши самоубиство. Како што соопштија од МВР, синоќа Секторот за компјутерски криминал при редовните активности за следење на дигиталниот простор детектирал објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од малолетник. „Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко…

ПОВЕЌЕ ...

На 55годишна возраст утрово почина Горан Крстев со прекар Грга. Беше поранешен градоначалник на општина Чешиново-Облешево (2017-2021) од редовите на СДСМ. Според локалните медиуми, Крстев извесен период престојувал во Турција каде се лекувал. На социјалните мрежи сограѓани и членови на СДСМ се збогуваат со Крстев.

ПОВЕЌЕ ...

На 28.02.2026 во 14:30 часот во делчевско од страна на полициски службеници од ОВР Делчево лишен од слобода бил 15-годишник, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка дека, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа. Известен е јавен обвинител, Центарот за социјална работа, како и родител на малолетникот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Хуманитарен концерт во Хилден за поддршка на Кочани во организација на МКЦ “Македонско сонце” од Дизелдорф Во германскиот град Хилден се одржа хуманитарен концерт за поддршка на Кочани, на кој присуствуваа Македонци од Германија и од повеќе европски земји. Настанот беше во знак на солидарност и поддршка, а вечерта беше исполнета со настапи на естрадни уметници од Македонија и богата културна програма. На концертот присуствуваше и директорот на Агенција за иселеништво, Горан Ангелов, кој во своето обраќање ја истакна важноста на единството и улогата на дијаспората во поддршката на татковината. Свое обраќање имаше и конзулот Амон Бајрамовски. Организатор на настанот…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска го славиме Тодоровден – Тодорова сабота. За многу години! Православните христијани денес го одбележуваат празникот Тодоровден – Тодорова сабота, кој се празнува во првата сабота од Великиот пост. На овој ден Црквата го чествува и споменот на светиот апостол Онисим. Свети апостол Онисим е познат од Посланието на свети апостол Павле до Филимон. Некогаш роб и бегалец, преку средбата со апостол Павле го прифатил христијанството и станал верен проповедник на Евангелието, сведочејќи дека во Христа сите се повикани кон духовна слобода и преобразување. Тодоровата сабота е поврзана и со споменот на Теодор Тирон и чудото со варената пченица –…

ПОВЕЌЕ ...

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај во кој млад македонски државјанин бил осуден на пет години затвор за серија грабежи и други дела, јавија тамошните медиуми. Нашинецот понудил несекојдневно објаснување за грабежите – сакал да го уапсат и да оди во затвор, за таму да се ослободи од зависноста од алкохол. Според судските списи, обвинетиот пред речиси две години извршил повеќе грабежи во продавници од синџирот „Фолг“, како и во златарници во околината на Бремгартен и Аргау, а од криминалот ќарил илјадници франци. На товар му се ставаат и разни други дела, меѓу кои и насилство и…

ПОВЕЌЕ ...

Одржана втора работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“ во Македонска Каменица Вчера, во Домот на културата во Македонска Каменица, на 26 февруари 2026 година, се одржа втората работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација – Младински ХАБ ‘Млади исток’“. На настанот присуствуваа околу 20 млади лица од општината, како и претставници на невладини организации и институции. Проектот има за цел формирање младински хаб кој ќе им обезбеди на младите знаења, менторство и практична поддршка за развој на социјални претпријатија. Целна група се младите од Македонска Каменица, Виница и Делчево. Во рамки на работилницата, експертот Зоран Биковски одржа…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Кочани ја започна реализацијата на проект за безбедност на сообраќајот во Тркање Во населеното место Тркање започнаа работните активности за проект со кој трајно ќе се реши проблемот со тешки товарни возила. Новото сообраќајно решение ќе ја поврзе населбата Цацков Бунар со алтернативниот пат Кочани – Тркање, овозможувајќи пренасочување на тешкиот товарен сообраќај. Со ова ќе се намали оптоварувањето низ населеното место, ќе се зголеми безбедноста на жителите и ќе се обезбеди побезбедно исклучување на возилата од компанијата Амфенол. Проектот значи подобра организација на сообраќајот и поквалитетни услови за живот за граѓаните.

ПОВЕЌЕ ...