Author: Media Point

Советот на Делчево одржа прва седница за дијалог со граѓаните Денес, 27 февруари 2026 година, во Советот на Општина Делчево се одржа шестата седница, прва во овој мандат посветена исклучиво на прашања и предлози од граѓаните и советниците до носителите на јавни функции. Граѓаните имаа можност директно да се обратат до Претседателот на Советот, градоначалникот, директорите на средните и основните училишта, ЈКП „Брегалница“, ЈОУ Детска градинка „Весели цветови“, Градската библиотека „Илинден“ и командирот на Територијалната противпожарна единица. Претседателот на Советот, Николчо Стојменовски истакна дека оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и директна комуникација со граѓаните, додавајќи дека ваквиот…

ПОВЕЌЕ ...

Амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата се разговараше за лекувањето и поддршката на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, за актуелната состојба во Кочани по трагичниот настан, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на интересот за австриски инвестиции во регионот и потенцијалите што ги нуди општината во повеќе области. Градоначалникот Грозданов го информираше амбасадорот Памер за активностите што ги презема локалната самоуправа во насока на справување со последиците од несреќата, како и за тековните и планираните развојни проекти.…

ПОВЕЌЕ ...

Февруарска крводарителска акција – собранa 51 крвнa единицa Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната февруарска крводарителска акција. На акцијата крв даруваа 51 крводарител од кои 14 млади лица до 30 години и четворица првократни дарители. Акцијата е втора што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје. Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

ПОВЕЌЕ ...

Повторно е уапсена ќерката на сопственикот на кравите во Крива Паланка за кои има наредба да се заловат. Како што информираа од МВР, 27-годишната девојка ги попречувала вработените во АХВ во работата. – На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни-крави, информираа од МВР. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Советот на Општина Виница вчера ја одржа шестата редовна седница на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки од дневниот ред, кои се однесуваат на финансиското работење на општината, функционирањето на јавните установи и претпријатија, како и на барања на граѓани и институции. Советниците го разгледаа и усвоија Годишниот извештај на Општина Виница за 2025 година, кој ја опфаќа Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2025 година, Годишниот извештај за средствата, побарувањата и обврските, Извештајот за реализација на инвестиционите програми, дотациите и самофинансирачките активности на единките корисници, како и извештаите за користење на средствата од резервите. Во рамки на финансиските…

ПОВЕЌЕ ...

Во Кавадарци отворена изложбата „Часослов“ и промовирана книгата „На иста адреса“ Во Дом на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци беше отворена изложбата „Часослов“, во рамки на која се одржа и сатирична работилница за деца, како и промоција на книгата „На иста адреса“. Изложбата ја отвори ликовниот уметник Марина Убавкова, која беше и дел од тимот што ја реализираше работилницата заедно со Миле Ѓорѓијоски и Христина Деолска. Промотор на книгата „На иста адреса“, авторско дело на Деолска и Ѓорѓијоски, беше Далибор Трајков. Дел од стиховите читаа Христина Деолска и Силвија Трајкова, додека афоризмите ги интерпретираше Миле Ѓорѓијоски.

ПОВЕЌЕ ...

Одржана првата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“ во Македонска Каменица Во Домот на културата во Македонска Каменица, на 24 февруари 2026 година, се одржа првата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација – Младински ХАБ ‘Млади исток’“. На настанот присуствуваа околу 20 млади лица од општината, како и претставници на невладини организации и институции. Проектот има за цел формирање младински хаб кој ќе им обезбеди на младите знаења, менторство и практична поддршка за развој на социјални претпријатија. Целна група се младите од Македонска Каменица, Виница и Делчево. Во рамки на работилницата, експертот Зоран Биковски одржа обука…

ПОВЕЌЕ ...

Ловното друштво „М.Каменица–Саса“ потпиша договор за користење на ловиштето „Вратиславци“ Ловно друштво „М.Каменица-Саса“ денеска го потпиша Договорот за користење на дивечот во ловиштето бр. 5 „Вратиславци“, со што и официјално го продолжи стопанисувањето и управувањето со ова ловиште. Од друштвото упатија благодарност до членовите за поддршката и истакнаа дека ловиштето ќе биде отворено за ловци кои го почитуваат ловечкиот кодекс и ќе се вклучат активно во исполнување на обврските што произлегуваат од управувањето со дивечот. Претседателот Гоце Стоиловски изјави дека потпишувањето на договорот претставува значаен момент за друштвото и обврска за одговорно и домаќинско работење. Тој нагласи дека приоритет ќе…

ПОВЕЌЕ ...

ГО-ПЛАСТ КАРАМАН – Ваш сигурен избор за квалитетна ПВЦ и АЛУ столарија Со повеќе од две децении успешно работење, ГО-ПЛАСТ КАРАМАН од Македонска Каменица претставува препознатливо име кога станува збор за врвна ПВЦ и АЛУ столарија. Како семејна компанија со долгогодишна традиција и искуство, фирмата изгради доверба кај клиентите од целиот источен регион – Македонска Каменица, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово и пошироко. Нивната специјалност се висококвалитетни ПВЦ прозорци и врати кои обезбедуваат одлична топлотна и звучна изолација, современ и елегантен дизајн, како и лесно и едноставно одржување. Производите на ГО-ПЛАСТ КАРАМАН се изработуваат со внимание на секој детал и…

ПОВЕЌЕ ...

Централна активност во 2026 година на Здружението „Копачка“ и Општина Делчево ќе биде одбележувањето на пет години од смртта на народниот уметник Димитар Узунски, но и новиот 6-годишен Извештај за УНЕСКО. Овие активности се приоритети за Здружението „Копачка“ коешто го чува од заборав националното и светското културно наследство запишано во УНЕСКО, орото „Копачка“, а беа истакнати на Годишното собрание на Здружението на кое присуствуваше и националниот координатор за Конвенцијата од 2003 година на УНЕСКО, Ивона Опетчевска – Татарчевска и по повод подготовката на новиот шестгодишен извештај. Таа истакна дека соработката со Здружението трае повеќе од 15 години, а работата на номинацијата за впишување на традицијата…

ПОВЕЌЕ ...