Author: Media Point

Градоначалникот Иван Гоцевски: Активиран Оперативниот план за чистење на снегот во Делчево Делчево, 22. Јануари 2026 година – По појавата на снежни врнежи вчера попладне, Општина Делчево веднаш ја активираше Оперативната план за чистење на снегот на улиците под своја ингеренција. Инспекторската служба е постојано на терен, врши увид и обезбедува логистика за економскиот оператор, кој постапува според утврдениот приоритетен план. Веќе се исчистени улиците по прв приоритет, а активностите продолжуваат по другите приоритети сè до целосно нормализирање на сообраќајот во градот и руралните населени места. Екипите на ЈКП „Брегалница“ ги исчистија тротоарите и јавните површини во централното градско подрачје.…

ПОВЕЌЕ ...

ЈП „Камена Река“ работи на расчистување на локланите патишта во руралните средини во Македонска Каменица Екипите на Јавното претпријатие „Камена Река“ се на терен и активно работат на расчистување и оспособување за нормални услови за сообраќај на патиштата во руралните средини од Македонска Каменица. Како што информираат од претпријатието, на критичните делници се врши фрлање сол и песок, со цел спречување на замрзнување и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Активностите ќе продолжат и во наредниот период, во зависност од временските услови и состојбата на терен, со цел обезбедување непречено и побезбедно движење за граѓаните.

ПОВЕЌЕ ...

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, околу 20:30 часот, во ОВР Кочани била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај местото познато како „Двојни кривини“, во атарот на селото Уларци. објави Скопје1.мк Според пријавата, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С. (41) од Кочани, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка од селото Спанчево. Со телесни повреди се здобиле уште тројца 16-годишници од селата Чешиново, Спанчево и Кучичино, како и 14-годишна малолетничка од селото Чешиново. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип, каде што…

ПОВЕЌЕ ...

Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ второто полугодие го започнаа со прекрасен новитет – во функција е пуштен новоизградениот мини фитнес центар во рамки на училиштето. Центарот располага со две целосно опремени простории: едната со модерни и современи справи за теретана, а другата наменета за аеробик и пилатес активности. Со ова, еден дотогаш нефункционален простор е пренаменет во современа мини теретана и фитнес центар, кој веќе станува омилено спортско катче за учениците. Проектот е реализиран на иницијатива на училиштето, со силна поддршка од Општина Виница и со помош на општествено одговорни компании, што уште еднаш ја потврдува успешната соработка меѓу локалната…

ПОВЕЌЕ ...

По 23 години е идентификувано телото на Реџеп Рахмановски, кој се водел како исчезнат од 2003 година Во Белгија е пронајден скелет на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се водел како исчезнат цели 23 години, соопшти денеска белгиската федерална полиција. Според информациите, скелетот бил откриен минатото лето за време на реновирање на куќа во бриселската општина Форест, каде што бил заѕидан во подрумот. По откривањето, посмртните останки биле предадени на форензичка анализа. Форензичарите утврдиле дека станува збор за Реџеп Рахмановски, роден во 1976 година во Македонија, кој последен пат бил виден на 16 јули 2003 година навечер, кога го напуштил…

ПОВЕЌЕ ...

Првите снежни врнежи за оваа зима кои денеска ги забелија улиците на Делчево ги мобилизираа екипите на ЈКП „Брегалница“. Од претпријатието информираат дека се подготвени да реагираат согласно со нивните налдежности предвидени во Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево за 2026 г., а се однесува на одржување и чистењето на тротоарите и јавните површини. Исто така и механизацијата со која располага претпријатието е во исправна состојба и е подготвена да реагира доколку  продолжат поинтензивни врнежи од снег. Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка.…

ПОВЕЌЕ ...

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија, апелира на зголемена внимателност при управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Покрај внимателното и совесно возење, АМСМ препорачува задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата. Возачите се советуваат навремено да се…

ПОВЕЌЕ ...

Епископот г. Марко во посета на Дневните центри во Македонска Каменица и Делчево На 20 јануари 2026 година, епископот Делчевско-каменички г. Марко ги посети Дневните центри во Делчево и Македонска Каменица, установи кои обезбедуваат целодневен престој и поддршка за лица со посебни потреби. Во рамки на посетата, епископот оствари средби со раководителите и стручниот кадар во центрите, при што се запозна со начинот на работа, активностите и програмите во кои се вклучени корисниците. Тој ги посети и работните простории каде што се изработуваат различни ракотворби, како и тековните проекти и креативни работилници што се дел од нивното секојдневие. При…

ПОВЕЌЕ ...

Утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на с.Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа” со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

ПОВЕЌЕ ...

Интензивно чистење на снегот во Општина Виница – екипите на ЈП „Солидарност“ на терен Екипите на Јавното претпријатие „Солидарност“ од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците во Виница, како и од патните правци кои ги поврзуваат селата со градот. Како што информираат од претпријатието, досега се исчистени патните правци Осојница–Липец, Липец–Блатец, Блатец–Скараница и Виница–Градец. Во моментов механизацијата интервенира во повисоките делови на градот, каде што снежната покривка е пообилна. Во попладневните часови е планирано продолжување на активностите кон селата Лаки, Пекљани, Драгобраште, Крушево, Трсино, Трстија, Грљани, Калиманци и Црн Камен, со…

ПОВЕЌЕ ...