Author: Media Point

Виничанец управувал со 121 км/ч на пат со ограничување од 50 км/ч На 10 јануари 2026 година, околу 16:50 часот, полициски службеници од СВР Велес на регионалниот пат Штип-Велес, кај крстосницата Мамутчево, лишиле од слобода 30-годишен жител на Виница, А.А. При контрола со радар било утврдено дека управувал патничко возило „поло“ со брзина од 121 км/ч, на дел од патот каде што максималната дозволена брзина изнесува 50 км/ч.

ПОВЕЌЕ ...

Епископот Делчевско-каменчки, Марко, при посетата на Босна и Хрцеоговина имал интервју за Радио Телевизија на Република Српска, во кое зборува за црковни теми и за односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, по обединувањето на ПОА со МПЦ-ОА. Во инетрвјуто, новинарот меѓу прашањата го постави и она на што СПЦ изминативе три години става акцент, а тоа дека светилиштата градени од српските владетели се српско културно наследство во Македонија. Епископот Марко, како одговор на тоа направи една паралела со фразата „Солун е наш“. -Некои порано политички зборуваа дека Солун  е наш. Велам дека така не може да се каже, дека на таков…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за надворешни работи на Бугарија излезе со остра реакција и најостра осуда откако денеска (11 јануари) непознато лице извршило напад врз објектот на бугарската амбасада во Скопје. Официјална Софија го оцени чинот како недопустлив напад врз дипломатска мисија и грубо кршење на Виенската конвенција, директно обвинувајќи ги македонските институции за создавање клима на неказнивост. „Ова е резултат на системска пасивност“ Во соопштението, бугарското МНР не штеди критики кон македонските власти, поврзувајќи го денешниот инцидент со претходни случувања. „Министерството изразува длабока загриженост што ваквото дрско дело е резултат на системскиот недостиг на реакција од надлежните институции на Република Северна Македонија при претходни…

ПОВЕЌЕ ...

„Во Македонска Каменица постојат само 4 лифта, по два во секоја 10-катница. Не знаете каква радост беше кога ќе се качиш во лифтот. Стравот беше голем, ама желбата да докажеш дека си храбар – посилна од сè. Лифтовите беа тест за храброст – со тој што се возел нема закачање, а тој што не влегол е плачко“, вели водителката Снеже Велков во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com. Водителката Снеже Велков, која е родена во Македонска Каменица, уште од средношколските денови живее во Скопје. Таа неколкупати годишно го посетува својот роден град и секогаш му се враќа со…

ПОВЕЌЕ ...

Српскиот пејач Аца Лукас објави на Инстаграм дека синоќа засега непознати лица се обидоа да го убијат на Јахорина. – По синоќешниот настап на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач, едвај се спасивме живи. Се обидоа да нè убијат, напиша Лукас на Инстаграм. Пред помалку од два месеци, фотографија од Насер Ориќ и Аца Лукас, која се појави на социјалните мрежи, предизвика бура од коментари и бројни реакции. Поради оваа ситуација, Јахорина официјално го откажа настапот на Лукас на својот Инстаграм профил.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, на покана на неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид и по повод неговиот именден, неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Маркова Сушица – Скопје. По завршувањето на Литургијата, Епископот Марко одржа вдахновена беседа и упати срдечни честитки до Епископот Давид по повод неговиот именден, посакувајќи му духовна сила, здравје и понатамошно успешно служење во лозата Христова. По богослужението следуваше братско и радосно заедничарење на верниците со архиереите, исполнето со благодарност и духовна радост. Нека се умножуваат ваквите благословени собири на молитва и љубов во Христа.

ПОВЕЌЕ ...

Службен разговор во ПС Македонска Каменица по пријава за закани и агресивно однесување На 9 јануари 2026 година во 15:00 часот, во Полициското одделение Македонска Каменица бил извршен службен разговор со М.С. (43) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Постапувањето следувало по пријава од Ф.В. (23) од Македонска Каменица, кој пријавил агресивно однесување и упатени закани. Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок, согласно законските прописи.

ПОВЕЌЕ ...

ЗФГ „Копачка“ од Драмче со заедничка прослава на Новата година и Божиќ Членовите на ЗФГ „Копачка“ од село Драмче, Делчево, во пријатна и празнична атмосфера ја одбележаа Новата 2026 година и празникот Божиќ. На заедничката прослава присуствуваа претседателот на Советот на Општина Делчево, д-р Николко Стојменовски, и заменик-градоначалничката д-р Андријана Илиевска Велковски. Од здружението беше истакната благодарност за поддршката од градоначалникот Иван Гоцевски и општинското раководство, пренесена преку претседателот на Советот, во насока на решавање на нивниот најголем приоритет – обезбедување соодветен простор за работа. Благодарност беше упатена и до д-р Александар Стојменовски и д-р Сандра Стоиловска за нивното присуство…

ПОВЕЌЕ ...

Приведени двајца мажи бидејќи си ги нападнале сопругите синоќа во Делчево. На 10.01.2026 во 00:30 часот во село во делчевско полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.Н.(53) од делчевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 53-годишна сопруга дека во семејниот дом во делчевско, физички ја нападнал, и упатил и закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 10.01.2026 во 00:50 часот во Делчево, полициски службеници го лишија од слобода А.И.(48) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом во Делчево, физички ја нападнал и го оштетил нејзиниот мобилен телефон.…

ПОВЕЌЕ ...

Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул христијанската вера во Никомидија цветаше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот бавејќи се во тој град дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде запалена. Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не…

ПОВЕЌЕ ...