Author: Media Point

Бугарија го воведе еврото на полноќ, станувајќи 21-ва европска земја што ја користи единствената европска валута. По дваесет години членство во Европската Унија, Бугарија го напушти левотот, својата национална валута од крајот на 19 век, на полноќ по локално време. Последната земја што ја усвои европската валута беше Хрватска на 1 јануари 2023 година. Софија се надева дека ова ќе ги зајакне економските врски со другите земји-членки, но бугарските граѓани стравуваат дека преминот кон новата валута би можел да доведе до нагло зголемување на цените во веќе нестабилен политички контекст. Со влегувањето на Бугарија, земја со население од околу 6,4…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање. Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која…

ПОВЕЌЕ ...

На 30.12.2025 во 16:37 часот на експресниот пат Кочани-Штип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.А.(48) од с.Трсино, виничко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,04 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

ПОВЕЌЕ ...

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие. Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта. На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, согласно видот на образованието. Наставниците во март треба да добијат покачување на платите помеѓу 7,5 и 10 проценти. МИА

ПОВЕЌЕ ...

Две лица се здобиле со телесни повреди при сообраќајната несреќа која се случи вечерва на магистралниот пат Кочани – Штип меѓу селата Долни Подлог и Тракање, потврдија од СВР-Штип. Сообраќајот на магистралниот пат Кочани – Штип од вечерва во 20:30 часот е во прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Прекинот, како што додаваат, е поради сообраќајна незгода. Сообраќајот е во прекин на потегот од селото Долни Подлог до село Тркање. Поради ова, додаваат од АМСМ, сообраќајот е пренасочен преку селото Тркање кон експресниот пат Кочани-Штип. Во сообраќајката, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Штип, повредени се…

ПОВЕЌЕ ...

Со голема болка и човечка немоќ ја примивме веста за страшната трагедија што ја погоди нашата Македонска Каменица – ненадејното упокојување на Симона, заедно со нејзиното неродено чедо. Во овие тешки и неми часови, кога зборовите се сиромашни, а срцето скршено, Каменичката парохија упатува искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините и сите блиски, споделувајќи ја нивната болка и тага. Се молиме Милостивиот Господ да ги прими нивните души во вечниот мир, таму каде што нема болка, тага и воздишки, туку живот бесконечен. Да им подари место на светлина, место на покој и место на љубов во Своето Небесно Царство.…

ПОВЕЌЕ ...

Брутална пресметка меѓу две групи иселеници, Македонци и Албанци, ја вознемири јавноста во италијанскиот град Перуџа. Инцидентот започнал во бар во областа Сан Систо, а завршил со вистински хаос на улиците, неколкумина повредени и 11 уапсени лица. Според првичните сознанија од истрагата, конфликтот не бил однапред планиран, туку ескалирал поради банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалната расправија меѓу младите лица брзо прераснала во масовна тепачка, во која биле користени столици, маси, како и дрвени палки долги над 60 сантиметри. Во инцидентот биле вклучени и неколку романски државјани. Ситуацијата дополнително се влошила кога двајца од учесниците, обидувајќи се…

ПОВЕЌЕ ...

На 28.12.2025 во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријави дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 29. Декември 2025 година – Советот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за прогласување тридневна жалост по повод смртта на нашата сограѓанка Симона Каранфиловска. За денови на жалост се прогласуваат, 30 и 31 декември 2025 година, како и 1 јануари 2026 година. Во периодот на жалост се откажуваат сите настани од забавен карактер, а знамињата пред институциите ќе бидат истакнати на половина копје. Одлуката беше донесена со 11 гласови ЗА.

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22 декември. Од 30 декември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 70,50 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 72,50 ден/л дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 65,00 ден/л масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 64,00 ден/л мазут М-1 НС 33,649 ден/кг Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98,…

ПОВЕЌЕ ...