Author: Media Point

Новогодишниот базар го исполни каменичкото основно училиште со вистинска празнична магија Во топла и пријатна атмосфера, учениците, заедно со своите наставници, родители, баби, дедовци и роднини, уживаа во претпразничните моменти исполнети со позитивната енергија на преубав новогодишен базар во каменичкото основно училиште. Со многу насмевки, смеа и детски џагор, учениците од прво до девето одделение, ги претставија своите преубави новогодишни украси, изработени со многу љубов, труд и креативност. Новогодишниот базар беше прекрасен вовед во претстојните празници и уште еден посебен момент, со силно значење за  училиштето. За целосната фотогалеријас објавена од училиштето кликни ОВДЕ

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во Инфо-центарот на Пониква, градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, одржаа работен состанок посветен на прашања од јавен интерес поврзани со развојот и унапредувањето на туристичките потенцијали на Пониква. Во фокусот беа природните ресурси и можностите за развој на зимски и планински туризам, со посебен акцент на ски-потенцијалите како клучен фактор за продолжување на туристичката сезона и привлекување посетители во зимскиот период. Градоначалниците истакнаа дека преку зајакната меѓуопштинска соработка ќе се овозможи координиран и одржлив пристап, инвестиции во инфраструктурата и подобрување на пристапноста до Пониква. На состанокот беше нагласена и подготвеноста за заеднички апликации…

ПОВЕЌЕ ...

ДПД Виница доби ново противпожарно возило Доброволното противпожарно друштво Виница доби вредна донација – навално противпожарно возило Mercedes Metz, со што значително се зајакнуваат капацитетите за брза и ефикасна интервенција при пожари и други вонредни состојби. Возилото е донација од Ротари клуб Кочани – Виница. Поддршка во реализацијата на донацијата дадоа и компанијата Ace Auto, која го обезбеди транспортот од Германија, како и Драган Гошевски и Исмаил Асанов, кои со својот ангажман придонесоа за успешно завршување на процесот. Од ДПД Виница посочуваат дека ваквите донации се од големо значење за зголемување на безбедноста на граѓаните и унапредување на системот за…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава плац со површина од 580 м², сместен на ул. Каменичка, во непосредна близина на Општината. Цена по договор. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го спственикот на следниов телефонски број +389 74 223 158

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени. Од петок ќе има стабилизирање…

ПОВЕЌЕ ...

Биографија на Епископот Делчевско – Каменички Г. МАРКО (КИМЕВ) Роден е во Штип на 25. 11. 1977 година и крстен како православен христијанин со име Горан. Основно образование завршил во родниот град по што се запишал на средно богословско училиште во Скопје. По завршувањето на Македонската Православна Богословија ,,Св. Климент Охридски’’ во Скопје и воениот рок се запишал на Богословскиот факултет во Скопје, а истовремено работи и во администрацијата на Повардарската Митрополија. По стапувањето на Повардарската Митрополија во единство со Српската Православна Црква, а преку неа и со целата православна икумена, како вработен во Митрополијата и духовно чедо на…

ПОВЕЌЕ ...

Главна цел на проектот е создавање инклузивна средина за млади со посебни потреби преку специјално приспособена програма која вклучува активности од разни области: драма, танц, уметност, јога и спорт. Специфични цели се: развој на инклузивни програми, воспоставување транснационален инклузивен клуб; промовирање на социјална интеграција – преку заеднички активности и тимска работа меѓу средношколци и млади со посебни потреби, како и зголемување на свесноста за важноста на инклузијата – кај локалните власти, родителите, наставниците и пошироката заедница. Во очекуваните резултати од проектот спаѓаат: креирани и имплементирани 5 модули за обука за наставници; воспоставен транснационален инклузивен клуб со 4 филијали; 16 обучени…

ПОВЕЌЕ ...

ЖКК Баскет Кам Македонска Каменица останува на врвот на македонската женска кошарка Во рамки на настанот ALL STAR 2025, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, беа доделени признанијата за најдобрите во македонската женска сениорска конкуренција за сезоната 2024/2025. Уште еднаш, во центарот на вниманието се најде ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, кој ја потврди својата доминација на домашната сцена. Нашиот клуб и годинава го доби престижното признание за најдобра женска кошаркарска екипа во Македонија, додека индивидуалните награди исто така завршија во редовите на Баскет Кам. Ивана Кметовска беше избрана за најдобар играч на сезоната, а Жаклина Стефановска ја…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево ќе добие нова современа спортска сала во 2026 година Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, најави дека во 2026 година градот ќе добие комплетно нова и современа спортска сала, проект од големо значење за развојот на спортот, младите и локалната заедница. Проектот се реализира со поддршка на Владата на Република Македонија, преку Министерството за спорт. Во рамки на активностите, градоначалникот Гоцевски, заедно со стручни екипи од Министерството за спорт и Општина Делчево, изврши увид во постоечката спортска сала, која повеќе од 20 години се наоѓа во лоша и недостојна состојба. На терен беа разгледани сите потребни детали и чекори…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Гоцевски изврши увид на градежни активности на улица „Драмечка“ Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, изврши увид на лице место на дел од улица „Драмечка“, крак од истоимената улица, каде што се реализира проект за изградба на дел од улицата и атмосферска канализација. Проектот опфаќа изградба на улица во должина од 155 метри, со што ќе се подобрат условите за сообраќај, безбедноста на учесниците во сообраќајот и ефикасното одведување на атмосферските води во овој дел од градот. Вкупната вредност на проектот изнесува 2.862.015 денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт на Република Македонија. Изведувач на работите е компанијата ОСД…

ПОВЕЌЕ ...