Author: Media Point

Светата великомаченичка Варвара е една од најпочитуваните светици во Православната Црква. Таа пострадала за христијанската вера на почетокот на IV век, за време на прогоните под царот Максимијан. Варвара била ќерка на богат и угледен човек по име Диоскор, кој бил ревносен паганец. За да ја заштити од надворешниот свет, тој ја затворил во кула. И покрај тоа, Варвара преку размислување за создадениот свет и преку тајни средби со христијани ја познала вистината за Единиот Бог и ја примила христијанската вера. Кога Диоскор дознал дека ќерка му е христијанка, ја предал на властите. И покрај жестоките мачења, таа не…

ПОВЕЌЕ ...

МВР информира дека вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода И.А.(61) и С.А. (63), двајцата од с. Јакимово, виничко, Д.Т.(66) од Кочани, М.И.(62) и Ј.М.(30), двајцата од Виница. Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на с. Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник…

ПОВЕЌЕ ...

Започна санација на ударни дупки и оштетени коловози во Општина Берово Општина Берово започна со активности за крпење на ударни дупки и санација на прокопи на повеќе локации на територијата на општината, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и квалитетот на секојдневното движење на граѓаните. Со зафатите ќе бидат санирани вкупно 516 метри квадратни оштетен коловоз. „Со оваа интервенција директно ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот и ги подобруваме условите за движење на сите граѓани“, изјави градоначалникот Петар Ружински, додавајќи дека вредноста на договорот изнесува 998.563 денари и средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Берово. Од Општината апелираат до…

ПОВЕЌЕ ...

Акција за чистење на мини депонии долж реката Осојница По пријава од жители на село Јакимово, Општина Виница денеска започна со чистење на мини депонии по течението на реката Осојница, создадени од несовесно одлагање на отпад. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што ќе се чистат и останатите речни корита и одводни канали низ целата општина. „Нашата обврска е да ја заштитиме животната средина и да го вратиме природниот изглед на реките. Апелирам до граѓаните да пријавуваат секое несовесно одлагање на отпад, бидејќи за прекршителите ќе следуваат строги казни согласно закон“, изјави градоначалникот Митко Костадиновски. Целата содржина ОВДЕ

ПОВЕЌЕ ...

Три месеци условна казна: Родител од Велес осуден оти му дал електричен тротинет на синот, па детето се повредило Родител од Велес е осуден на условна казна затвор од три месеци затоа што му дал електричен тротинет на својот малолетен син, кој заедно со другар се повредил додека се возеле. Казната е алтернативна – затворот нема да се издржи доколку во наредната година не стори ново кривично дело. Судот во Велес го прогласи родителот за виновен за кривичното дело „Предизвикување на општа опасност“. Според обвинението, настанот се случил на 1 мај годинава, кога електричниот тротинет бил оставен во дворот на…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Виница и Црвениот крст – Виница со Меморандум за соработка Општина Виница и Општинската организација на Црвениот крст – Виница потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зацврстува заедничката заложба за унапредување на хуманитарните, социјалните и општествено корисни активности во локалната заедница. Со документот се воспоставува континуирана и партнерска соработка, насочена кон поддршка на граѓаните и промоција на хуманите вредности. Како прва заедничка активност, на 4 март ќе се реализираат активности по повод одбележувањето на датумот на загинување на Капетан Кирчо Димитриов, во знак на сеќавање и почит кон неговото херојство. Општина Виница и Црвениот крст –…

ПОВЕЌЕ ...

Обвинителот Љупчо Коцевски си поднесе оставка Коцевски се реши на овој чекор кога веќе стана јасно дека владиното мнозинство е цврсто решено да биде отстранет од функцијата Љупчо Коцевски (Фото: Б. Грданоски) Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски утринава пред одржување на седницата на Собранието каде на дневен ред е барањето на Владата за негово разрешување поднесе неотповиклива оставка. Одлуката самиот тој ја соопшти на прес конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции. Коцевски изгледа се решил на овој чекор кога веќе стана јасно дека владиното мнозинство е цврсто решено да биде отстранет од…

ПОВЕЌЕ ...

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад? Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално. Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа Тип на пат Брзина Улица во населено место 50 км/ч Зони со пешаци / училишта 30–40 км/ч Локален пат 70–90 км/ч Магистрален пат 90–110 км/ч Булевар 60–70 км/ч Кружен тек / критична точка 50 км/ч Автопат 120–130 км/ч Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со…

ПОВЕЌЕ ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за канонска визитација на Неговото Преосвештенство Епископ г.Марко. На 06.11.2025 година, Неговото Преосвештенство Епископ г. Марко, во согласност со својата духовна и пастирска мисија, изврши канонска визитација во храмовите и манастирите на Делчевско-каменичката епархија. При посета епископот изврши увид во целокупниот напредок и функционирање во новоформираната епархија, а при тоа констатираше на терен што е сработено и направено, но и што треба во иднина да се направи. При посетата, Епископот даде насоки и препораки за унапредување на духовно-пастирската дејност. Тој се консултираше со свештенството за заеднички иницијативи кои ќе овозможат подобрување на условите во храмовите и манастирите, поттикнување на…

ПОВЕЌЕ ...

Според објавата на Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица, во текот на декември 2025 година градот ќе биде домаќин на повеќедневна новогодишна културно-забавна програма, која ќе се реализира на Градскиот плоштад и во Домот на културата. Како што информираат од општината и КИЦ „Романса“, програмата ќе опфати настапи на повеќе музички бендови и изведувачи, детски театарски претстави и празнични активности за најмладите, како и поделба на новогодишни пакетчиња со Дедо Мраз. Предвидено е и свечено пуштање на новогодишната елка, додека кулминација на програмата ќе биде дочекот на Новата 2026 година со концерт на Антониа Гиговска.

ПОВЕЌЕ ...